Вранец најдобро црвено вино

СПОРЕД ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ДЕГУСТАТОРИ


Според оценките на професионалните дегустатори од Англија, Австрија, Бугарија, Хрватска и Македонија, кои присуствуваа на неодамнешната манифестација "Виноскоп", којашто се одржа во Скопје, Вранец на винаријата Бовин, го заслужи гран-прито во категорија на црвени вина. Од белите вина, пак, за најдобро е прогласено "шардоне", исто така од винаријата Бовин. Признанија за квалитет беа доделени и во категорија вино во буре (барик), а златна плакета му припадна на виното "вранец" од винаријата Винар.

Од розевите вина, пак, за најдобро беше прогласено виното "секси куве" на винаријата Камник, додека второто место беше наменето за "александриа куве" на винаријата Тиквеш.
Интернационалното жири ги оценуваше понудените вина од 28 домашни винарии кои се претставија на оваа традиционална манифестација, која недамна, по вторпат, се одржа на кејот на Вардар кај Камениот мост. Граѓаните на Скопје можеа да уживаат во вкусот на најквалитетните македонски вина.