Сандански, непогрешлив кадровник и деец
Како и да е Јане и нив како и македонскиот народ  ги пленеше како личност, одушевени од неговиот вроден интелект, ретката самообразованост, осетот за политичкиот реализам.

Сандански како докажан и практичен  кадровник, околу себе привлекува високоинтелигентни соработници.
САНДАНИЗМОТ не можеше да се изгради и без перото, без логиката и идејноста на еден Димо Хаџи Димов еден од стожерите на македонскиот народ. Сандански  беше доизграден оти ја имаше силината на ударот, беше револуционерен организатор од прв ред.

На нередовната конференција во ноември 1907 г. со присуство на  револуционерните дејци од сите краишта на Македонија, Сандански е  категоричен во третманот кон врховистичките пропаганди: “Сите што агитираат било во Македонија, било надвор од неа врз базата ослободување и обединување на Бугарите, треба да бидат непријателски пречекувани од ВМРО и исто така како што се пречекуваат од Организацијата Србските и Грчките агитации и чети, бидејќи македонското прашање е неразрешливо ако се постави како бугарско.

На  конференцијата  Јане најрешително ќе застане против Бугарските пропагандистички и четнички акции изведени од Врховистите, а  го нагласува стремежот  на македонскиот народ за национална самостојност. Тој за ова вели: “Треба да се работи за пробудување на свеста на масите дека се самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода, без да се надеваат на туѓа помош, зашто тие што би дошле да ги ослободат, всушност ќе дојдат да ги поробат.