Ал ди Меола во Скопје

Ал ди Меола, најнаградуваниот гитарист на сите времиња, на 16. ноември во Универзална сала ќе одржи концерт.


Овој музичар четири пати е прогласуван за најдобар џез гитарист во светот од страна на најпрестижното списание "Guitar player".

Во Скопје доаѓа во рамките на неговата светска турнеја New world sinfonia tour.
Ал ди Меола ќе го придружуваат тројца врвни џез музичари, Гумби Ортез, Пео Алфонси и Фаусто Бецалоси.

Влезниците за концертот ќе бидат во пуштени во продажба од понеделник по цена од 800-1000 денари. Настанот е во организација на "Авалон продукција".

(А.Ѓ.)