НА ГРИН ФЕСТ

Џајковски во Хрватска најавен како автор на совршена музика


Кирил Џајковски, на 3 октомври, ќе биде дел од програмата на загрепскиот "Грин фест", во салата "Дражен Петровиќ". Македонскиот музичар ќе ја загрева атмосферата пред концертот на Кајзер Чифс, англискиот рок-состав, кој со хитот "Руби" успеа да се искачи на врвот на британската сингл-листа. Покрај Кирил, атмосферата ќе ја вжештуваат Едо Мајка и Лолобригида. Кирил е најавен како автор на совршена музика.

Во интервју за порталот "muzika.hr", Џајковски уште еднаш го најави повратничкиот албум на кој ќе доминираат вокални гости.
"Албумот се уште нема име. Жанровски ќе биде некое продолжение на концептот кој ги карактеризира моите самостојни проекти. Ќе изобилува со вокални гости од сите страни на светот, а стилски содржи многу денс, амбиентален звук и уште неколку стилски правци. И овојпат се чувствува големото влијание на балканскиот етно-звук", открива Џајковски.

(А. Ѓ.)