Јас сум од Титов Велес кандидат за Оскар

Македонски кандидат за номинација за наградата Оскар во конкуренција на филмови од неанглиско говорно подрачје е филмот "Јас сум од Титов Велес" од режисерот Теона Стругар-Митевска.


Филмот бил и единствениот кандидат за изборот кој го врши Друштвото на филмски работници на Македонија.
- Огромна чест и задоволство е што "Јас сум од Титов Велес" е претставник од Македонија за годинашниот Оскар. Мислам дека филмот по сите успеси кои ги доживеа, оправдано го заслужува ова. Ќе направиме се за да ја претставиме Македонија на најдобар начин на Американското тло, изјави за ВЕЧЕР продуцентот и актер Лабина Митевска.

"Јас сум од Титов Велес" ја доби и престижната селекција за номинација на изборот за европски Оскар - Феликс. Оваа награда - пандан на Оскарот, ја доделува Европската филмска академија - ЕФА, со која претседава легендарниот режисер Вим Вендерс.

Минатата година за македонски кандидат за Оскар беа пријавени филмовите: "Тајната книга" на Владо Цветановски, "Сенки" на Милчо Манчевски, "Превртено" на Игор Иванов, и "Боли ли?" на Анета Лешниковска. Избран беше филмот на Манчевски.

(Де.Т.)