НОВИОТ АМЕРИКАНСКИ АМБАСАДОР ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ

Рикер: Носам топли поздрави од Буш и од американскиот народ


- Носам топли поздрави од американскиот претседател Џорџ Буш, државниот секретар Рајс, како и од американскиот народ, рече вчера новиот американски амбасадор во Македонија, Филип Рикер, по пристигнувањето на аеродромот во Скопје, и обраќајќи се на македонски. Тој додаде дека е почестен што ќе биде петтиот амбасадор на САД во земјава.

- Задоволен сум што имам шанса да бидам со старите пријатели, да запознаам нови и да работам со вашите македонски партнери. Пред пристигнувањето во Скопје, Рикер беше во посета на Брисел, каде како што рече се сретнал со македонски претставници, како и со други дипломати. "Имам голема чест да му ги предадам акредитивите на претседателот Бранко Црвенковски наредната недела". Рикер истакна дека е радосен што ќе има можност да и ја претстави земјата на својата прекрасна сопруга Солве. Тој откако ја даде својата изјава веднаш по пристигнувањето во Скопје, прво замина во посета на американската амбасада, а потоа во, како што рече, својот нов дом.

(С.Д.)