Јане изграден револуционер
Се ова ќе го изгради Јане во целосната политичка димензија особено подоцна кога се бори и пробива меѓу разните државно-политички собитија.

Преговорите и борбите со Турците, врховистите и Бугарите, преговорите и интервјуата со Американците, конзулите и новинарите, само ја докажуваат зрелоста и прекаленоста на Сандански.

Како раководител на Серскиот револуционерен округ, во кој е цела Пиринска Македонија и делови од Егејска, го прави округот гранитен бедем на македонската револуционерна самостојност .

Поимот САНДАНИЗАМ, стана синоним на силна револуционерна струја која им втерува страв на Бугарските, Српските, Грчките и др. пропаганди кон македонскиот народ.

Санданистите се против ИЛУЗИЈАТА за помош од надвор како “спасоносна“, Јане оваа илузија ја уништи во раната младост.

Во “Спомени“, вели дека како младинец влегол во врховистичка чета под команда на бугарски офицери и веднаш увидел оти зад “братската помош“ на Македонија, се крие намерата за нејзино присоединување кон Бугарија.

 За ова Сандански вели  “Тогаш, си дадов клетва во себе да не бидам ничие оружје“.