Изложба во Свети Јоаким Осоговски

Во манастирот "Свети Јоаким Осоговски" кај Крива Паланка е отворена изложба на делата од 22. сесија на меѓународната ликовна колонија "Свети Јоаким Осоговски 2008 година" (5-20 септември).


На сликарскиот кампус учествуваа 21 уметници од Франција, Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Македонија и од градот домаќин.
На изложбената поставка се претставени 53 слики работени претежно во техниките масло на платно, акрилна и акварел техника.

Проектот е финансиран и поддржан од Министерството за култура и Полошко-кумановската епархија.