Биографијата на Ј. Сандански до младоста
Јане Сандански е роден 1872 г. во с. Влахи - Пиринска Македонија.

1867 г., селаните од с. Влахи, градат црква и училиште и упатуваат молба до рускиот козул во Солун за помош во книги, училишни и црковни потреби. Со училиштето, црквата, книгите и контактите со конзулите растела револуционерната свест и желбата за слобода на македонскиот народ од овој крај.

Oктомври 1878 г., не случајно с. Влахи со с. Кресна и с. Оштава, се жаришта на Кресненското востание. Токму во с. Влахи е штабот на македонското востание.

Ноември 1878 г., с.Влахи е опожарено, изгореле и црквата и училиштето. Иван Сандански, татко му на Јане е знаменосец на востаничка чета. При гушењето на востанието, Јане е 6 годишен сведок со мајка му бегаат во Горна Џумаја (денешен Благоевград), единствениот македонски град ослободен од Русите.

Јуни-јули 1879 г., со Берлинскиот договор, Г. Џумаја е вратена на Турција, а семејството на Јане како директни учесници во востанието не смее да остане, па се сели во соседниот град Дупница (Станке Димитров), во новосоздаеното Бугарско кнежество под руски патронат.

Во Дупница по 6-годишно школување поради немаштијата Јане го прекинал школувањето и станува кондураџиски чирак околу 2 години. Татко станува земјоделец.

1892 г., Јане е повикан да одслужи војска во Ќустендил, а бидејќи бргу ги усвојува војничките вештини, од неа излегол како помлад подофицер. Обуката и надареноста за војничките позиви ќе дојде до целосен израз во револуционерниот подем на Јане.

По војската, Јане е помошник адвокат, молбописец и сл. канцелариско правни работи во адвокатската канцеларија на вујко си Спас Харизанов, а подоцна самостојно.

Ќе биде и библиотекар на друштвото  “Младост”, чие раководство ќе ги држи најзначајните читални, библиотека, градските учители и гимназиски професори. Наскоро учителите се изгонети од градот па Јане станува Претседател на Друштвото. Многу чита и следи најнова литература која ја порачува и ја користи библиотеката.