Педесет македонски писатели на Кокино

Денес во вечерните часови педесет македонски писатели ќе го посетат Кокино и ќе одржат литературна средба на Светата Планина.


Со ова, Друштвото на писателите на Македонија ја поддржува иницијативата на Министерството за култура мегалитската опсерваторија Кокино да се стави на листата на УНЕСКО. Како што е познато, во 2005 година НАСА го стави Кокино на четврто место на листата најстари и најважни астрономски опсерватории во светот.
Со денешната средба Македонската писателска асоцијација ја продолжува традицијата започната минатата година преку литературна средба на овој значаен локалитет, стар 4000 години, поетската инспирација да се спојува со фасцинациите на Кокино.