Груевски далеку пред Црвенковски

Довербата на граѓаните во премиерот Никола Груевски е двојно поголема од довербата во претседателот Бранко Црвенковски, покажува последната анкета на Агенцијата Рејтинг.


720 од 1080 испитаници му веруваат на Груевски. Дури 43 отсто од анкетираните во периодот од 12 до 14 септември се изјасниле дека Македонија се движи во правилна насока. 46 отсто пак сметаат дека Владата не е виновна во застојот во решавањето на спорот со името со Грција. Најголем дел од оние кои имаат спротивен одговор на овие две прашања се припадници на албанската етничка заедница во земјава.

Граѓаните не очекуваат брзо решение за името. Дури 23 отсто од прашаните велат дека никогаш нема да биде решен овој спор. Над 700 од нив се против името Република Северна Македонија. За споредба, во март 2008 година само 44 отсто од граѓаните сметале дека не е прифатлив ниту еден од предлозите за кои се зборуваше. Сепак, за најголем дел од Албанците името Северна Македонија е сосема прифатливо.