Задоволни од сработеното

Двајцата членови на ЕХФ се воодушевени од скопската сала, од нејзината функционалност, а охридската, иако мала, сепак е добра со ситни забелешки од претставниците на ТВ медиумите


Двочелена делегација од Европската ракометна федерација беше во инспекција во Македонија да ги разгледа салите "Борис Трајковски" во Скопје и "Билјанини извори" во Охрид, каде во декември ќе се одржи Европското првенство за жени. Челниците на ЕХФ се задоволни од она што го виделе и она што е сработено, по задачите што ги доби РФМ пред речиси една година. Заедно со луѓето од ЕХФ дојдоа и претставниците на маркетинг агенцијата Инфронт и луѓето од норвешката телевизијата.

- Претставниците на ЕФХ се завоволни од тоа како течат подготовките за претстојното европско првенство за жени на кое во декември ние сме домаќини, дури и се воодушевени, вели генералниот секретар на РФМ, Марјан Начевски кој беше заедно со нив за време на инспекција на салите, и продолжи: Воодушевени се од функционалноста на скопската сала, а охридската иако е мала ќе биде мегдан за големи мечеви. Единствена забелешка имаа претставниците на маркетинг агенцијата Инфронт и луѓето од норвешката телевизија кои бараат да се постават платформи за камерите и да се прошират прес-центрите и студијата во двете сали. Не се расправаше за оставката на веќе бившиот претседател на РФМ, Тригун Костовски, туку тоа ќе се случи денеска на состанокот на УО на Федерацијата, заврши Марјан Начевски.

(В.П.)