Бугарските пропагандисти за Сандански
Сандански е најнапаѓаниот македонски револуционер од страна на бугарската пропаганда и од тарторот на ова фалсификаторство, Љубомир Милетиќ.
Љубомир Милетиќ
Милетиќ за Јане ќе рече дека го изразувал ”просечниот менталитет и условниот морал на средината во она време“, а другите револуционери ги надраснувал само со својата “безогледност и вродена жестокост“.
И токму  бесчувствителноста и жестината кон се што му е на патот за слободата на македонскиот народ ги плаши туѓите пропаганди.

Дипломатичноста на Јане, политичкиот сенс со Младотурците, печатот, претставниците на државите и др.,само го докажуваат ова. Бугарите жив го оцрнуваа со смислено подло интриганство, а особено мртвиот Јане со смислени бесмислености и исплетени фалсификати кои траат и до денес.

Така Јане и приврзаниците, без прекин се напаѓаа за “секташтво“ и “сепаратизам“ од фантазерите на заслепената Бугарска пропаганда.