Теророт на Бугарите врз македонскиот народ 1915 г.

Со судирот на силите на Антантата и Централните сили во Македонија создаден е т.н.р “македонски фронт” на кој пак од борбите настана уништување на целокупно природно и национално богатство на Македонија.


Македонскиот народ е изложен на чести реквизиции на храната и добитокот, мобилизации и од судрените страни, пљачки и терор.

По дефинитивното завземање на Македонија, Бугарите уште пожестоко продолжуваат со се ова. Забележано е дека од селото Маково, Бугарите го одземаат сето жито, го реквирираат целиот добиток (околу 2 000 грла) за кој првично почнуваат да плаќаат по 5-10 динари на грло но подоцна од сето останато ништо не плаќаат .Особено покрупниот добиток-воловите, коњите и магарињата кои ги одземаат и ниту плаќаат ниту даваат било каква признаница, што ќе им стане пракса. Очигледно првичното плаќање било со намена да изгледаат како ослободители на “Б`лгарите од Македонија” кога сеуште е несигурна ситуацијата, но подоцна кога заседнуваат и дефинитивно се однесуваат како окупатори.

Во однос пак на теророт Бугарите покрај своите свирепи полициски сили врбуваат и некои комити и арамии со свои орди на кои им даваат неограничена власт над селата. Треба да се држат во страв па тие се и кметови како комитата Ѓорѓи Мијак од Брник кој врши многу убиства што сам што заедно со Бугарите .
Но и ова како да е малку па за да се доисцади секоја пара од Македонците, Бугарите внесуваат голема скапотија на сите прехрамбени артикли и не може да ги купи ниту богатиот ниту сиромавиот.

Ѕверското лице на Бугарите ќе се и виде при отстапувањето од позициите зад р. Црна на позицијата “Чуки“ кога наредуваат евакуација во најкус рок на селата: Полог, Ивени, Старавина, Градешница, Груништа и Будимирци а да земат само најнеопходно. Но штом жителите ги напуштаат куќите Бугарите тргаат и со коли изнесуваат жито, покуќнина и добиток, оставајќи само голи ѕидови. Штом отстапуваат од овие села, Бугарите почнуваат да ги уриваат со топови и да ги палат од ред, убивајќи масовно жени, старци и деца кои од бегството се враќаат дома.