Влегување на Бугарите во Македонија 1915 год

01 октомври 1915 год. – II бугарска армија започнува со борбените дејствија испраќајќи ги 13-ти Рилски пешадиски полк од 7-та дивизија и 29-ти Јамболски полк од 3-та дивизија со задача да ги насочат дејствата кон Врање а по горното течение на р.Пчиња.


03 октомври 1915 год., Бугарите ја завземаат Крива Паланка а на 04 октомври влегле во Врање со што ја пресекуваат Моравскат долина. 

06 октомври 1915 год., Бугарите ги завземаат Штип, Кратово и Радовиш. 

06 октомври 1915 год., Планинската бугарска дивизија завзема позиции кај с. Страцин и се подготвува за брз продор преку Куманово и Скопје да ја освои важната Качаничка клисура со цел да ги спречи српските сили да се повлечат кон Србија. 

06 октомври 1915 год, Коњичката бугарска дивизија врши продор по р. Брегалница и во реонот на с. Врсаково и Криви Дол се судира со српските сили на кои им нанесува големи загуби заради што овие се повлекуваат кон Велес.

07 октомври 1915 год., Коњичката бугарска дивизија го завзема Велес.

07 октомври 1915 год., северната група од II бугарска армија врши брз продор на правецот Куманово - Скопје – Качаник. Српските сили се во обрач и делумно разбиени.

05-07 октомври 1915 год. , во Солун се истоваруваат 156-та француска дивизија (екс дивизија од Дарданелите) и два батаљона со штабот на 29-та британска бригада кои се префрлиле во камп на патот кон Серес. Целта на сите е продор по р.Вардар кон вардарскиот дел од Македонија и разбивање на бугарската опсада врз српската армија.

12 октомври 1915 год. францускиот Генерал Сарај штом пристигнал во Солун веднаш упатува пешадиски полк кон внатрешноста на Македонија и група полска артилерија за да ја штитат пругата по Вардарската долина помеѓу грчката граница и станицата во Струмица.


Генерал-лајтнантот Мехон

Но британските сили под Генерал-лајтнантот Мехон имале поинакви инструкции од Лондон, кој пореално ја согледувал брзоплетоста и неспремноста на акцијата. Настанал спор меѓу сојузниците и развлекување на нивното навлегување во внатрешноста од Македонија што Бугарите добро го користат за своето дозацврстување во Македонија.