Мотиви на Бугарите за влез во “Централните сили”

Првата година од војната - 1914 год. ниту една од двете страни, не постигнала позначајни резултати. Централните сили немале доволно сили за офанзива на сите фронтови па на Западниот фронт прешле во дефанзива а на Источниот тргнале во офанзива:


- 1915 год. на Источниот фронт Централните сили со офанзивата им нанесуваат големи загуби на руските сили кои се приморани да се повлечат од Галиција, Полска, Литванија и Белорусија.

Рускиот цар Николај II врши смотра на руските трупи, 1915 год.


- 06 септември 1915 год., Бугарите ја увиделе својата шанса (секогаш се закачуваат за победникот а и Србија е веќе прегазена со странски трупи) па потпишуваат договор со Централните сили во Плес, со кој и официјално стануваат нивна членка.

- Бугарија потпишува три Договори : 1. Договор за пријателство и сојузништво, 2. Тајна конвенција и 3. Воена конвенција (з.н - повеќе кај Б.Д.Кесјаков “Принос к`м дипломатическата историја на Б`лгарија“, Софија, 1925, стр. 71-73; В.Кутиков “Международни актове и договори“, Софија, 1948, стр.367-368)

- Со ова, Бугарија се проширува во Тракија а Германија и ги ветила и двете зони во Македонија (спорната и неспорната зона со српско-бугарскиот договор од 13 март 1912 год.). Ветени и се и деловите од Тракија и Македонија кои ги добила Грција по Балканските војни доколку Грција изврши напад над Турција.

- Всушност се собираат незадоволниците – Бугарија од отстапките кон Романија, Грција, и Србија со Букурешкиот договор а Австро-Унгарија и Германија од изгубеното влијание над Балканот по Букуреш, балканските земји по протерувањето на Турците, се свртеле кон Велика Британија, Русија и Франција.

Бугарски трупи на српско-бугарската граница.

- Со стеснувањето на некогашната Османска империја, Австро-Унгарија и Германија ја загубиле копнената врска со Азија.Со нив и Бугарија, незадоволна е и Турција која истатата таа 1915 год. е во перманентна војна со Англо-француските сили на Малоазиското крајбрежје.

- Србија и Грција од друга страна се закачуваат за Антантата, само да ги задржат не малите територијални проширувања во Македонија и Тракија. А на Бугарија токму таму и е алчниот поглед. Грција првично е нерешлива не сакајќи ништо да изгуби во непредвидливиот судир, па игра ту со едната ту со другата страна.

- Со ова се создале повторно услови токму Македонија да е новиот полигон за тешки разорувања. Македонскиот народ е нивното топовско месо, насилно го мобилизираат српската, грчката и бугарската војска, кои го втурнуваат во братоубиствена војна.