Причини за почетокот на I Светска војна

Крајот на XIX и почетокот на XX век ги одбележале бројни политички, воени, економски, културни, научно-технолошки и социјални промени кои последователно воделе кон нови крупни случувања во светот. Така:



Бизмарк маестрално ја обединува и воздигнува Германија

- Германија по победата над Франција во француско-пруската војна од 1870-1871 год., се издига во нов економско-воен голем фактор.

- САД по укинувањето на ропството во 1865 год., забрзано ги средуваат внатрешните прилики и одат во брз развој, со што и тие стануваат нов светски голем фактор

Со овие две нови сили покрај традиционалните Велика Британија, Франција, Русија, Автро-Унгарија и Јапонија, се комплетира сликата на светските креатори пред крајот на XIX век. До тогаш Големи сили меѓусебе главно не војувале иако имале и спротивставености. Сега судирите ги предизвикувале и колонијалните аспирации како нов извор на богатење.

Така, I Светска војна е вооружен последователен судир меѓу две групи држави по крајната заостреност меѓу нив. Ова ќе предизвика пропаѓање на дел од нив (како дотогашни империјални Големи сили, царствата Австро-Унгарија, Турција, Русија), но и ќе појави нови. Но кои се двата спротивставени сојузи?

- 20 мај 1882 год. во Виена е склучен едниот агресивен воен сојуз, наречен “Централни сили”, меѓу Германија, Австро-Унгарија и Италија, но тој немал цврстина поради делумни претензии на Австро-Унгарија над Италија.


Двата сојузи – Централните сили (со црвена боја) и Антантата (со сина)

- 05 септември 1914 год., е создаден другиот воен сојуз наречен “Антанта”, со потпишување на конечна спогодба по билатералните средби, помеѓу Велика Британија, Франција и Русија. Непосреден повод бил нападот на Германија над Белгија со што е загрозен брегот на Британија.

- 26 април 1915 год., во Лондон е склучен договор со кој Велика Британија на Италија и ветила проширувања кон Далмација и Словенија, со што Антантата ја придобива Италија на своја страна.

- 03 мај 1915 год. Италија и официјално ги напушта Централните сили.

- 24 мај 1915 год. Италија им објавува војна на довчерашните сојузници од Централните сили и застанува на страна од Антантата.

Покрај гладот за нови колонии, кон првиот воен светски судир, воделе и локалните војни во Европа во периодот од 1908-1911 година, како и Балканските војни 1912-1913 година со незадоволниците од поделбата при тоа. При ова Македонија е колачот кој кај сите носи чувство дека можеле поубаво и поголемо парче од неа да добијат.Што се е повод за овој светски судир?

- 28 јуни 1914 год. во Сарево членот на српската терористичка организација “Млада Босна”, Гаврило Принцип врши атентат над австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд, што ќе е повод за почетокот на I Светска војна.


Франц Фердинанд пред атентатот во Сараево 1914 год

- 23 јули 1914 год., Австро-Унгарија и испраќа неприфатливи услови на Србија со рок за одговор од 24 часа. I Светска војна е на прагот, двата блока зад себе веќе врзуваат помали државички-сателити.

- 25 јули 1914 год., Србија испраќа брз одговор со кој ја известува Австро-Унгарија дека ги прифаќа сите услови, освен нивни власти да вршат истраги внатре во Србија. Но Австро-Унгарија истиот ден ги прекинала дипломатските односи со Србија и наредила делумна мобилизација.


Германски регрути, 1914 година

- 28 јули 1914 год., на наговор од Германија, Австро-Унгарија и официјално и објавува војна на Србија во која нешто подоцна се вклучуваат сојузничките на едниот или другиот сојуз. Со ова овој датум се смета како официјален за почетокот на I Светска војна.