Васка Илиева - Заплакало е Мариово

Васка Илиева - Заплакало е Мариово


This text will be replaced

Заплакало е Мариово, заплакало
за тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев
каде си Ѓорѓи сега да дојдиш
леле да дојдиш
од душманите да не куртулиш.

Слушам ве народ, народ поробен, изгубен
слушам ви гласој, гласој жалосни
сега за скоро јас ќе дојдам, ќе пристигнам
со триесет одбрани момчина
сите со пушки маликери, маликери
сите со наганц леворвери.

Бог да ги бие шпиуните, Параловци
Ѓорѓија што ми го предадоја
слушај бре Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев
леле послушај
ако сакаш ти да куртулиш
накачи горе кај чукарите, кај манастирот
ако да сакаш ти да откинеш.

Тогај се Ѓорѓи, Ѓорѓи излага, се прелага
накачи горе кај чукарите
кога ќе види, што ќе види, Ѓорѓи Сугарев
од сите страни Ѓорѓи сардисан.

Тогај извикна Ѓорѓи Сугаре, провикна
на неговата верна дружина
клавајте гуните пусии, леле пусии
зошто се камен тешко најдува.

Згрмеја пушки, пушки аскерски, крвави,
сета дружина му ја избија.
Тогај извади нагант леворвер, Ѓорѓи Сугарев
самиот крвта си ја пролеа,
Ѓорѓи Сугарев,
жив на душмани не се предаде.