Кои се Даките?

Даките (лат. “Daci”) – народ сроден со Траките, во стариот век населен во долниот Дунав, особено северно од реката, со нејасни и непостојани граници.


Даките се доста сродни и со Гетите кои се слеваат со нив. Групирањето на бројните дакиски племиња во поширока државна формација се запазува дури во почетокот на II век за време владеењето од гетскиот крал Орол.

Во средината на I век под владеењето на Буребист доаѓа до голема експанзија на Даките, на исток ги разбиваат Бастарните, ги пљачкаат и уништуваат градовите низ брегот на Црно Море, ја пустошат Тракија до Илирија и Македонија. Илирија и Македонија- тогашни римски провинции се под удар на Даките, но Македонците (а Илирите уште повеќе зашто се во длабина) ја избегнуваат пустошечката судбина на Тракијците. Затоа пак Даките продолжуваат понатаму и ги потчинуваат Скордисците помеѓу Морава и Сава, ги уништуваат Боите и Таурисците кои од северозапад продреле на р.Тиса.


Претстава на Дакијци на Релјеф

Моќната држава на Даките е постојана закана на источните граници од римското царство, Цезар се спремал да тргне на нив, но го претекнува смртта. Подоцна со истата намера е и Август Октавијан, со појдовна база од Сиција (денешен Сисак – Р.Хрватска) но го спречува судирот со Марко Антоние. Во тоа време римско-дакиската граница одела по Дунав од Виена до вливот во Црно Море.

На преодот од старата во новата ера, Римјаните упаѓаат повремено во земјата на Даките не би ли ги отфрлиле од Дунав и оневозможиле нивните уфрлања јужно од реката. Тогаш за нив уште не се поставувало прашањето за пренесување на границите од онаа страна на Дунав. Во втората половина на I век, по речиси еден век неслога и слабост, дакиските племиња пак се поларизираат околу силната личност – Децебал. Во текот на овие години се следните настани :

- 85 година, Даките со сериозни сили влегуваат во Мизија па царот Домицијан дотрчува со гардата на пл. Балкан за да ги врати Даките назад преку границата.

- 86 година, Корнелие Фуск –префектот на римската царска гарда, го прејдува Дунав сакајќи да ги научи на памет Даките, но самиот тој е до нозе толчен од нив.

- 88 година, поразот го осветува Тетие Јулијан кој ги толчи Даките кај Тап ( Железна врата).Но Децебал низ преговори доаѓа до поволен мир а низ неприлики кои во меѓувреме го снајдуваат Рим.
Дури царот Трајан дефинитивно ќе ги покори Даките и ќе ја оконча дотогашната постојано демнечка опасност од нив.

Во време судирите со Рим, Даките се на значаен степен од цивилизацијата, која има многу посебни карактеристики. Престижот на кралевите го поддржуваат првосвештениците а аристократијата (“pilleati”) остро се одвојува од слободните војници (“capillati”) и со надворешниот изглед. Во мирните времиња Даките се занимавааат претежно со одгледување на стока а во рамниците и со земјоделство. Во Трансилванија ваделе злато и сребро а значајна е и трговијата.Во војните Даките се борат пешки а коњите ги користат главно за влеча. Најопасното нивно оружје им е срполако (“falaces”) а и стрелците им биле добри. Утврдувањата им се оригинални : бедемите однадвор до одредена висина ги сочинуваат камени блокови зајакнати со дрвени попречни спони а помеѓу нив се ставал шут и земја. Горниот дел од бедемите е доградуван со керамика.