Нападот од 06 април 1941 год. на Македонија

05,00 ч. е ударот од силни состави на германската авијација кои вршат напад на војните аеродроми кај Скопје и Куманово едновремено со другите низ тогашна Југославија (во Ниш, Загреб, Брежица и Љубљана).


05,20 ч.12-та армија оди во напад, 40-ти корпус и 2-ра оклопна дивизија, 18-ти корпус напаѓаат од Крива Паланка до Беласица со тежиште на комуникациите Ќустендил-Куманово, Горна Џумаја-Царево село (Делчево) и Петрич-Струмица, со ангажирање на оклопните дивизии во првиот ешалон. Отпорот на граничните единици и деловите од Брегалничката, Моравската и Шумадиската дивизија и Струмичкиот одред, Германците бргу го совладуваат : 9-та оклопна дивизија ја завзема Крива Паланка и Страцин, 73-та пешадиска дивизија избива пред кочани а 2-та оклопна дивизија продира во Струмица откаде дел од силите упатува кон Дојран.

06,30 ч. е новиот налет во кој најжестоко сепак е нападнат Белград но и другите поголеми градови меѓу кои од Македонија особено е Скопје на удар.

12,30 ч. но и попладне и предвечерта со вкупно 484 бомбардери следени од 250 ловци повторно се бомбардираат поголемите и позначајни градови и области од Кралството. Од Македонија особено страда железничкиот и друмски сообраќај посебно во областа на Скопје.

На овој брз продор од германските трупи југословенските кралски оружени сили немаа соодветна одбрана.Поедини нивни авијатичари стапуваа во борба, но без посебен успех, или беa бргу рушени или принудувани да се повлечат од воздушните двобои.При крајот на денот кога ја согледа состојбата на боиштата, Врховната југословенска команда, за да ја поправи особено тешката состојба во Македонија, му наредува на Командантот на 3-та група армии да на 07.IV.1941 год. со 3-та армија превземе офанзива на албанскиот фронт. Тој со тупите од 3–та армиска област по секоја цена требало да го повратат изгубениот дел од Македонија, особено кон Крива Паланка.