Младотурци војсководци – Али Риза паша

Али Риза паша (1859-1933 г.) е еден од најголемите турски (и младотурски) војсководци, маршал на турската војска. По завршувањето на Военото училиште во 1885 г., како Генералштабен капетан, упатен е во 1886 г. во Германија на тригодишно понатамошно воено усовршување.


По враќањето во земјата завзема разни позиции во војската и одредено време предава, историја на војните и тактика на Воената академија. Во чин Генерал-потполковник унапреден е во 1901 год.

Во револуционерната и бурна 1903 год. во Македонија токму тој е Гувернер и Командант на град Битола, тогаш еден од најраздвижените и превирачки градови.Година подоцна, во 1904 год. како Генерал-полковник поставен е за Командант на сите турски вооружени сили во Јемен.Наредната 1905 год., унапреден е во чин маршал.

Како висок турски офицер образуван на западот и Али Риза паша се приклонува кон младотурските струи за промена на старата турска империја. Во 1908 год. за време на Младотурската револуција тој е избран за Сенатор а подоцна во Младотурската Влада на два пати е Министер на војската. За време на Првата балканска војна 1912-13 год. Али Риза паша командува пак со турските сили главно во Македонија на тогашната Западна турска војска насочена кон Србија, Црна Гора и Грција, која е поделена во неколку засебни групи. Овие групи заради просторната одвоеност, планинското земјиште, слабите комуникации и војници кои дезертираат особено христијаните, оперирале без големо влијание од нивниот заеднички Командант. Така неговата “Вардарска армија” трпи пораз кај Куманово, принуден е да се повлекува но тактички успева да ги задржи српските сили кај Битола а истовремено да ја столчи грчката 5-та дивизија кај с.Баница и с.Соровиќево. Сето ова му овозможило по конечниот пораз кај Битола – да организирано ги извлече деловите од Вардарската армија кон Лерин.

Али Риза паша по војните извршува и други значајни функции во Турција. Така 1919 год. тој е Претседател на Владата на Турција (Голем Везир), а во 1921 год. во Кабинетот на Тефик паша е и заменик на Претседателот на Владата, потоа Министер за градежништво и Министер за внатрешни работи.