ЈУ-Кралството за одбрана на Македонија во 1941 год

Одбраната на Македонија при агресијата од април 1941 год. кралството Југославија ја темели на 3-та група армии под команда на Генералот Милан Недиќ, кој и самиот ќе стане германски слуга - намесник за Србија подоцна, што само ја потврдува трулоста на тогашното Кралство.



Генерал Милан Недиќ
Составот на овие 3-та група армии е од :
- 3-та армија,
- 3-та армиска област со свои трупи и Ибарската дивизија.
3-та армија под команда на Генералот Илија Брашиќ, со планот на врховната команда, требало да превземе офанзива кон Албанија во правецот на Тирана со тежнение да се спојат со грчките трупи на југ. Со ова и српските сили го копираат минатото па како во I светска војна кога се извлекоа од Македонија и обрачот,токму преку Албанија, се насочуваат натаму. И не само тоа но спојувајќи се тогаш со британско-грчките сили пак ја вратија Македонија под свое подоцна па и сега се надеваа на истото сценарио.

Трупите кои останаа во Македонија од 3-та армиска област под команда на Генералот Јован Наумовиќ во состав: Струмички одред, Брегалничка, Моравска и Шумадиска дивизија, 7-ми коњички полк, две тенковски чети и тешкиот моторизиран артилериски полк, требаа да го бранат граничниот фронт кон јужна Бугарија од Дојранското езеро до Крива Паланка со цел создавање потребно време и простор како за ликвидација на отпорот во Албанија, така за повлекување на југословенските сили кон Солун и низ Албанија за Грција. Кај Урошевац како резерва на 3-та група армии била стационирана Ибарската дивизија.