Германски трупи за продор кон Македонија

12-армија – Командант на оваа германска армија е фелдмаршал В.Лист таа е со 19 дивизии од кои 5 се оклопни, 3 моторизирани, 8 пешадиски и 3 ридски.



Фелдмаршал С. Вилхем Лист

Сите овие дивизии се групирани во Југозападна Бугарија а со дел и во Романија и имаат за цел едновремен напад на Југославија и Грција. Тие се поделени во 4 групи:

I група (18-ти ридски и 30-ти корпус, со вкупно 6 дивизии и 1 самостален полк) добива задача да со 30-ти корпус ја нападне Тракија во Грција (Одринско и др.), а потоа да ги усмери дејствијата кон Солун, да со 18 ридски корпус настапи кон Рупелска Клисура со општ правец кон Солун, а со 2 оклопна дивизија на правецот Струмица - Дојран - Кукуш;

II група (40-ти моторизиран корпус: 9-та оклопна дивизија, 73-та пешадиска дивизија и СС моторизираната дивизија “Адолф Хитлер“, да од просторот на Ќустендил и Горна Џумаја (денес Благоевград) настапи преку Крива Паланка и Царево село (денес Делчево) кон Скопје и Велес;

III група (I окопна група: 14-ти моторизиран корпус со II-ра и 5-та оклопна дивизија, 4-та ридскa и 294-та пешадиска дивизија) да од просторот на Софија настапи кон Цариброд (Димитровград) и Ниш кон Белград;

IV група е неврзана за Македонија, стационирана во регионот на Темишвар – Романија, а цел и е пак Белград.

Како воздушна поддршка и на 12-та и на 2-та армија служи зајакнатата 4-та воздушна флота (8-ми корпус во Бугарија и Романија и зајакнувањата од 3-та воздушна флота во Австрија и западна Унгарија) како и делови од 1-ти воздушнодесантен корпус (7-ма и 22-ра дивизија)

За Македонија важно е да се напомене дека покрај германските учествуваат и војски од сосетките на Македонија на кои им се ветени делови од Македонија. Сепак во првиот налет главни сили се германско-италијанските, Германците не сакале ништо да остават на случајноста, затоа и Италија е со нејзината 9-та армија, од која кон Македонија се употребени:

- 14-ти корпус со алпската дивизија “Cuneense”, пешадиската дивизија “Firenze” и два коњички полка кон секторот на Дебар;


Алпската дивизија “Cuneense”

- 4-ти корпус со пешадиските дивизии “Arezzo” и “Pinerollo” кон секторот на Струга.

- 2-ра и 4-та воздухопловна ескадра и воздухопловните единици во Албанија со силина до една воздухопловна ескадра или вкупно 670 авиони ги подржуваат копнените операции на целиот западен фронт од Словенија до Грција.

Севкупно во однос освојувањето на Македонија, носител на сите сили е 12-та германска армија чиј главен ослон е Бугарија која и ја осигурува позадината на оваа германска армија.