Македонија пред априлската војна 1941 год.

Почетокот на II светска војна, ја затекнува Македонија и македонскиот народ во тешка положба.


Внатрешните односи на Кралството Југославија во чиј состав беше Македонија, настанати заради нерешените национални, политички и социјални прашања, се одразувале непосредно и на борбено-моралната состојба на војската. Југословенската војска во такви услови не е спремна за современа војна а наметната од хитлеровите трупи со “блиц-кригот” и врвната подготвеност. Оружјето е застарено, сите тешки митралези се уште од претходната војна (I светска војна) но и муницијата, која покрај е во голема оскудица. Транспортот на орудијата и останатата каква таква техника е сточен, а добар дел и воловски, со многу малку автомобили. Старешинскиот кадар е малуброен а вежбите и маневрите се изведувани рутински и како од времето на I светска војна. На чело на Генералштабот од 1933 год. до 1941 год. изменети се 6 Началници, повеќето од политички и лични причини (воопшто вишиот команден кадар на позиции е повеќе по протекции отколку по способноста). За година и половина од официјалниот почеток на II светска војна (септември 1939 год. со нападот над Полска) состојбата во војската се влошува како материјално и стручно така и морално. Колебливоста и капитулантското држење на државното раководство се уочувале во секој потег а особено се одразувале негативно на подготовките за одбрана на земјата. Во воените врвови зема замав дефетизмот, капитулантсвото и отвореното предавство.
Во февруари 1941 год. во југославенската одбрана има:

- 10 044 офицери и воени службеници во служба,
- 1 565 офицери и воени службеници од резерва,
- 122 480 војници и подофицери,
- 87 531 воен обврзник,
- 8 195 офиц., воени служ., подоф. и вој. во граничните трупи.
- 18 583 жандарми  или

ВКУПНО: 250 000


Генерал Душан Симовиќ

До крајот на март 1941 год. со мобилизациите оваа бројка нараснува на 600 000 луѓе. Но без штабови, комори и установи, така што и покрај големиот број луѓе немало ниту една дивизија способна за акција. По 27 март 1941 год. владата на Генералот Душан Симовиќ, со прифаќањето на пактот, внесува забуна во народот и војската, ја успорува воената подготовка и уште повеќе ја смалува спремноста и готовноста на земјата за одбрамбена војна. Дури на 30 март, наместо објава на мобилизација, наредува “општо активирање“ (тајна мобилизација) со тоа што за прв ден на мобилизацијата го одредува 03 април. Времето е двократно изгубено: мобилизацијата е касно извршена и тајно, што ќе рече значително поспоро е спроведувана.

И преговорите за некакви одбрамбени сојузи со други земји не даваат резултати, со Велика Британија и Грција се сведуваат само на состанчења во текот на март. Ниту обидот за воен сојуз со Турција не успева а пактот склучен со СССР за ненапаѓање и пријателство е дури и трагикомичен, склучен е во првите часови на 06 април, само неколку часа подоцна Југославија е нападната од Хитлеровата воена машинерија.