Антиќ Антоније – Српски тајни организации

Антиќ Антоније е еден од врвните мозоци на тајните терористичко - националистички српски организации од почетокот на XX век. Организатор, планер и егзекутор на личности кои според овие српски националисти му сметале на српското дело.


Роден во Велики Извор кај Заечар, Србија на 19.X.1878 год. а умира во Белград на 08.IX.1953 год., српски коњички полковник. Заедно со дргутин Димитриевиќ-Апис, уште како поручник Антиќ е идеен и главен организатор на атентатот врз кралот Александар Обреновиќ на 29.V.1903 год. Антиќ Антоније има особена заслуга за ширењето на кругот од заверениците и меѓу угледните политичари.

Во Балканските војни командува со I. коњички полк а во I светска војна влегува како Начелник на штабот од коњичката дивизија. За воен пратеник во Атина е поставен во 1916 год., а 1917 год. е пензиoниран во врска со Солунскиот процес и тајната српска организација “Обединување или смрт”. По I светска војна стапил во Републиканската странка во која останува до смртта.