Светскиот печат за бугарски ѕверства над Тракијци

За бугарските ѕверства во Тракија, печатот во продолженија известувал. На 20 август 1913 год., опширен материјал излева во “Daily Telegraph” од Г-нот Ешмид Бартлет (Ashmead Bartlett) под наслов “Страшни извештаи на еден руски функционер“.



Ешмид Бартлет

Посодржаен, на 26 и 27 август пак е во органот на “Комитетот за Единство и напредок“ вес.”Le Jeune Turc” - Истамбул.


Генералниот руски конзул Машков

- “Daily Telegraph” ја запрепастува јавноста, Бугарите запомагаат до Русија со “проблемот” произлезен од рускиот функционер. Русите само можеле да демантираат дека се работи за нивни функционер зашто испраќачот не бил во активна функција (екс генерален руски конзул во Истамбул, Машков).

- И токму тоа што не е во активна служба, му овозможило, да пишува без стегите на руската дипломатија. Машков во ова време е и дописник на рускиот весник “Новое Времја”, но како што наведува “La Turquie” :

“Плашејќи се, несомнено дека весникот (“Новое Времја”), бидејќи е ПРЕТЕРАНО БУГАРОФИЛСКИ, БИ МОЖЕЛ ДА НЕ ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ од неговото осумдневно истражување во Едрене, Г-нот Машков испрати свои копии до Претседателот на Министерскиот совет и до Министерот за надворешни работи“.

- Претпазливиот Машков како искусен дипломат кој добро ја познава бугарската политика како кон Македонците така и кон Тракијците, но и кокетирањето на Бугарија кон Русија, се решил на ваков чекор.Уште како конзул во Скопје се среќава со пропаганди, ликвидации и сплетки како на Бугарите, така и на Србите. Знае на што се спремни Бугарите, за да ја замолчат вистината

- Затоа а за дополнителна сигурност дека 8-дневните истражувања ќе му се објават, тој покрај матичниот “Новое Времја” и руската влада, ги испраќа и во “Daily Telegraph” но и во “La Turquie”. Јасна е и потребата на Карнеги авторот кога го обработува ова, да бара начин да го намали овој вреден труд а за да ги оттргне реакциите против Бугарите.

1. Кога за “Новое Времја” се објаснува зошто Машков иако негов дописник, текстот го дава во копии на руската влада, “Daily Telegraph” и на “La Turquie”, Карнеги авторот посочувањето дека “Новое Времја” е БУГАРОФИЛСКИ, се обидува да го замагли со едно “воопшто не е така” без посебни објасненија?!

2. Авторот од Карнеги поткомитетот избегнува и да одговори ЗОШТО ако “Новое Времја” не е БУГАРОФИЛСКИ, ОДБИЛ ДА ГО ОБЈАВИ 8-дневното истражување преточено во текстот на Машков иако е постојан негов дописник, чии текстови пред тоа не биле спорни и редовно им е даван важен простор?!

3. Не можејќи да го компромитира Извешатајот од Машков, Карнеги членот оди на најприземни чекори, шпекулира за Машков - турски платеник?! За ова ја нафрлил вообичаената и незначајна цена од текстот на телеграмата, која ја праќа Машков до весникот “La Turquie” и која си ја плаќа весникот (з.н - небаре требало покрај трудот и ризиците уште и телеграмата тој да им ја плати и подари?!).


Насловна на “L`Illustration” од 1906 година

- ЗАТОА и одбегнува да каже дали и другите весници на Машков му плаќаат за телеграмата, која како текст и не е мала. Кутриот Карнеги автор, ако тоа го направел, ќе прозвучел глупаво - ако Турците како учесници во судирот и имаат интерес да потплаќаат извештаи во кои се оцрнуваат Бугарите, тоа не се Англичаните и “Daily Telegraph”, Французите и “L`Illustration” или другите ширум светот!

- Ова е приземна употреба на најстарата (очајна) мерка – посочи дека го платиле! И тоа - Машков дипломат од кариера, финансиски независен и кој десетици години токму во Турската империја ги застапува руските интереси, сега би се продал за незначајни телеграмски цени и тоа на Турците!


Карнеги

4. Би било бедно да не е вистинито спуштањето на Карнеги пишувачот до ова дереџе, а всушност самиот ВИСТИНСКИОТ ПЛАТЕНИК кој во Карнеги мисијава на Балканот не е од милосрдие но заради пари, чии износ се разбира не го кажува!


Милјуков Павел

5. За потсетување и дека токму тој - Милјуков пишувачот на оваа Глава 3 но и Бреилфорд (кој доаѓа да доистражува за ова од Машков), се посочените платеници - бугарофили од две од трите инволвирани влади. Милјуков е бугарски платеник и како професор на Софискиот Универзитет (тогашно Више училиште), а Бреилфорд уште од 1905 год. во Лондон го организира Балканскиот комитет управуван и плаќан од Софија.

6. Но и вака нафрлено по ова и самиот пишувач, морал прво да признае дека “ВИСТИНИТОСТА на документот, кој остави ДЛАБОК ВПЕЧАТОК ВО ЕВРОПА, секако на НИКОЈ НАЧИН НЕ Е ШТЕТЕН поради своето потекло и историја, кои уште како помагаат да се РАЗБЕРЕ ДУХОТ во кој тој е ЗАМИСЛЕН “.

7. Токму во крајот е почетокот на она што авторот од Карнеги се обидува да го гради понатака а за да го сруши ова важно истражување на Машков. Растегајќи во фрази од типот да се “разбере духот” во кој текстот бил “замислен”, Карнеги членов, истражувањето на Машков како да сака да го врзе за околностите во кои небаре бил замислен, а не и вистински направен!

8. Заради ова и друг член од Карнеги поткомитетот (Бреилфорд) дошол да допроверува за информацијата на Машков. Пишувачот пак од овој поткомитет (Миљуков) за истражувањата на Машков проверени сега и од член на Карнеги само ќе констатира: “ТОЈ УСПЕАЛ ДА ДОЈДЕ ВО ВРСКА СО ИЗВОРИТЕ од кои таа главно произлегувала и ТИЕ МУ ГИ ПОВТОРИЛЕ ВЕРБАЛНО, ПРАКТИЧНО СИТЕ ФАКТИ И ЗБОРОВИ СОДРЖАНИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА Г. МАШКОВ “.

- Веќе од тука провејува најавата дека иако вистинити извештаите од Машков, авторот ќе оди на најверојатна деградација на изворите од кои потекнувала информацијата, тој сепак не може да ја собори нивната вистинитост која е фактичка.

9. Затоа и почнал во следното со вистината на која за да и ја намали тежината, ја прави партиска и еднострана (грчка), но НИКАДЕ не нашол за сходно да посочи во што е таа грчка и партиска. Ниту име, ниту партија, ниту место,ниту било што од она што убаво знае да го етикетира и реди кога се во прашање противниците на Бугарија. Така оваа чудна реченица вели :

“ИЗГЛЕДА ДЕКА Е ВИСТИНА ОТИ ИАКО Г.МАШКОВ НЕ ИЗМИСЛИЛ НИШТО И НЕ ДОДАЛ ПРАКТИЧНО НИШТО НА ИНФОРМАЦИИТЕ ШТО УСПЕАЛ ДА ГИ СОБЕРЕ ВО ИСТАМБУЛ, СЕПАК СЕ ПОТПИРАЛ ВРЗ ЈАСНИ ПАРТИСКИ ИЗВОРИ, БИДЕЈЌИ МЕДИУМОТ ПРЕКУ КОЈ ДОШЛЕ ИНФОРМАЦИИТЕ БИЛ ГРЧКИ (?!-з.н)“

- И нормално не ни го посочува медиумот, за да целосно не увери како што знае кога се други во прашање. Само го нафрлил така да стои и зуи и веднаш продолжува за да го пренасочи вниманието но и прави вешто уфрлање кога вели: “Членот на комисијата се потрудил да не го ограничи истражувањето на тој медиум ( з.н , пак – Кој?)“

10. И сега е интересно на што овој член се потрудил да не се ограничува, како што очигледно сака Милјуков да наметне теза за “Машков-ограничениот” зашто наводно користел само грчки извори (без да наведе кои ?!).Замислете тие “понеограничени” истражувања се од бугарски сведочења но и од турски заробеници во Бугарија ?! За ова доистражување на Карнеги членот, вели:

“Покрај тоа што добил од ЛИЧНОСТИ ОДГОВОРНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ГРАДОТ под окупација ДОЛГА СЕРИЈА БУГАРСКИ СВЕДОЧЕЊА, тој успеал да врши свои истражувања во самото Едрене, во други а не само грчки простори И ГИ КОРИСТЕШЕ СВЕДОЧЕЊАТА НА ТУРСКИ ЗАРОБЕНИЦИ ВО СОФИЈА собрани од друг член на Комисијата.“(?!)

- Сега иако ни се многу интересни истражувањата и од “други а не само грчки простори“ на Едрене, немајќи јасно посочување за истите каде и кои се тие кога градот тогаш е во бугарски раце, се сконцентрираме на двата јасно посочени. Имено тоа се – од личностите одговорни за упрваување со градот (Бугари) како долгата серија бугарски сведочења (значи пак Бугари?!) но и користењето на сведочења од турски заробеници во Софија (значи од Бугарија и пред Бугари?!).

- Кој е сега тука глупавиот а кој треба да се направи така да изгледа?! Но за да си ја потврди оваа теза авторот завршува со реченица во стил на оправдување и теза за бугарофобство на Машков, со што и целосно ни се открива како страствен Бугарофил. Имено таа гласи:

“Така, БЕЗ НИКАКВА НАМЕРА ДА ГИ РЕХАБИЛИТИРА БУГАРИТЕ (з.н -?!), успеал да ги установи ФАКТИТЕ (з.н-?!) на ПОНЕПРИСТАРАСЕН НАЧИН (з.н - ?!) одошто можел да го направи г. Машков, КОЈ БИЛ ПОЗНАТ КАКО МНОГУ ИЗРАЗЕН БУГАРОФОБ уште по своето држење во рускиот конзулат во Скопје, петнаесет години порано.“

- Според поговорката: “Кога некој вели дека не го мисли тоа, тој всушност тоа го мисли”, Карнеги авторот ни се разоткрива кога вели :“Без никаква намера да ги рехабилитира Бугарите”, па всушност – ги рехабилитира, или се обидува !Особено што веднаш и пресудува дека начинот со кој другиот Карнеги член собира сведоштва и тоа исклучиво од Бугари кои се управа во градот и Турци - заробеници во Бугарија, го прави за “понепристапен начин“(?!)

- За поголема уверливост и додава за Машков дека е познат како многу изрзаен Бугарофоб од пред 15-тина години кога бил конзул во Скопје.Се разбира во нему својствен стил не нашол пак за сходно етикетата која му ја лепи на Машков со нешто поконкретно да ја поткрепи. Кутриот со ова целосно се оддал во одбрана на Бугарштината и ја довел по којзнае кој пат серозноста на целото ова Карнеги писание, ставајќи ја својата пристрасност пред вистината за овие настани.