Копачка

Копачка е изворно, машко соборско оро со трудов карактер.


Има четири основни ритмички и играчки целини: Шетаница, Ситно, Префрлачка и Копачка, кои на знак на ороводецот се менуваат и се повторуваат. Карактеристично за ова оро е играњето на цело стопало, специфично за овој регион од Македонија. По карактер брзо и темпераментно, Копачка е оро што го доловува обработувањето на земјата, копањето и риењето. Орото е поставено во изворна форма.