Планината Јабланица

Планината Јабланица се наоѓа на западната граница на Македонија со Албанија, со границата е поделена отприлике на половина меѓу двете држави.


На север граница и е планината Радук односно изворот и реката Лакавица, а на југ се протега до Охридското езеро. Доста е богата со извори и реки, посебно се познати Вевчанските извори. Има и 4 глечерски езера: Вевчанско, Подгорско, Горно и Долно Лабунишко езеро. Шумите завршуваат на околу 1800 мнв.

Најдобра маршрута за искачување до највисокиот врв „Црн камен“ е од с. Вевчани, кое се наоѓа на 900 мнв. Не постои маркација затоа е најдобро да се оди со водич. До селото има локален автобус од Струга на секој час (да се провери). Искачувањето може да се изведе за 1 ден во обата правци и тоа преку Вевчанското езеро. Прво се тргнува југозападно нагоре по излезот од селото, потоа се влегува во мешана шума и се оди покрај реката Матица, се поминува потоа полјана со папрат и потоа пак се влегува во букова шума и се поминува покрај мало бачило, од таму лево низ шумата се излегува на поголема полјана со големо бачило на околу 1650 мнв. Од бачилото се продолжува на југ и потоа се излегува од шумата и може јасно да се види врвот „Црн камен“.

По излегувањето од шумата се поминува покрај Вевчанското езеро (1950 мнв), за да се стигне од Вевчани до езерото потребни се околу 3ч. Езерото се поминува од левата страна и потоа се врти десно према седлото под Црн камен, пред седлото се доаѓа на патека која продолжува се до врвот. Вкупното време за искачување на врвот од с. Вевчани е некаде 3,5-4 часа. Врвот е целосна на наша територија и на него има бетонска тристрана пирамида. За враќање до с. Вевчани потребни се 2,5-3 часа.
Друга насока по која може да се искачи Црн камен е од с. Горна Белица, селото е потешко пристапно бидејќи нема редовен превоз до него. За искачување на Јабланица потребна е дозвола од Министерството за внатрешни работи.

МКД-МОУНТ