Кадиица

Кадиица (1932 мнв)


Се тргнува од Пехчево (1030 мнв), иако може и од соседното село Негрево по сртот на Буковик, прво се оди кон филтер станицата (може да се праша локалното население), трасата почнува од една раскрсница после која од асфалт се преминува на земјен пат, се излегува од градот покрај периферните куќи и се оди по макадамски пат, тука веќе има маркација, после 2 км се доаѓа до филтер станицата, издвоена бела зграда. На север се гледа антена која може да служи како ориентир.

Понатаму освен што може да се продолжи по макадамскиот пат, може и да се Врвот Кадиицапресече во правец на север за да се скрати патот, прво се влегува во едно долче а потоа кон север по страната на ридот. После долчето се оди по една рамнинка до едно оградено место каде опстојува една ендемски вид на месојадно растојание. Понатаму по страната на ридот се наидува на тест-ископувања од истражувања за бакарна руда. По искачување од 1,5 км (20 степени агол) се доаѓа до пат кој води до сртот на Буковик и до антена (1720 мнв). Од антената следи спуштање до едно бачило (има вода) и потоа добро искачување (агол од 30 степени и должина 1,3 км) до самиот врв по кој поминува граничната линија со Бугарија. На исток се гледаат Благоевградската котлина и Пирин, на североисток Рила, на северозапад Руен, на пола пат до Руен е Голак, на запад Плачковица. По патот има гранична полиција која бара документи за идентификација и би требало претходно да се направи пријавување во Берово или на 033-471-611. Искачувањето вкупно трае околу 2,5 часа (симнување 2 часа) брзо темпо со паузи, должина 9 км.

МКД-МОУНТ