Планината Беласица

До планината Беласица се пристигнува со автобус од Струмица до с. Смоларе, блиску до селото е најголемиот „Смоларски водопад“ во Македонија.


Маркацијата започнува од с. Смоларе во чија близина се наоѓа познатиот „Смоларски водопад“, на почетокот на селото се оди по широк пат, после 15 минути пешачење се напушта широкиот пат, патеката оди по шума 15 минути за пред пл. дом да излезе на широк пат. До пл. дом широкиот пат се пресекува 5 пати. Од с. Смоларе до пл. дом Шарена чешма потребни се 2 и пол часа. Од пл. дом до границата патеката се движи по широк пат се до шумата.

После 1 час пешачење се пристигнува до границата. Од тука патеката свртува лево и се движи по граница (патролна патека) се до врвот Тромеѓа (тумба), а до врвот ви е потребен уште 1 час или вкупно 2 часа од пл. дом. Бидејќи овој врв се наоѓа на самата македонско-бугарска и македонско-грчка граница, потребно е претходно да се извади дозвола да движење по граница. Дозволата се вади во местото на живеење. Патеката е маркирана, а печатот се наоѓа во пл. дом „Шарена чешма“. Домот работи по потреба, со претходно најавување во пл. друштво „Ентузијаст“ од Струмица.

МКД-МОУНТ