Стогово

До планината Стогово се пристигнува со автобус за Дебар до месноста Бошков мост, од тука се оди пешки или со возило по асфалтен пат до с. Гари - 9км.


Во селото можете да ноќевате во пензионерскиот дом кој е отворен постојано или во шатори веднаш над селото во ливадите покрај Гарска река. Маркацијата ПМ започнува од Бошков мост, до с. Гари маркацијата е поретка бидејќи патеката оди по асфалтен пат. Од селото патеката ве води покрај Гарска река до пасиштата на Стогово и бачилото Голема мегданица, до каде ви се потребни 2 часа. Од бачилото патеката ве води на преслапот Канеш (2047 мнв), меѓу врвовите Бабин срт и Голем рид. Од преслапот потребно е да свртите лево и да се движите по гребенот се до врвот Бабин срт (2242 мнв). Од бачилото до врвот ви се потребни 2 часа или вкупно 4 часа. Патеката е маркирана, а печатот се наоѓа во пензионерскиот дом во с. Гари.

МКД-МОУНТ