КУД Дримкол Вевчани

Културно уметничкото друштво "Дримкол"од Вевчани во своето долгогодишно постоење има оставено свој белег во македонската културна историја.


Формирано е во 1979 година како здружение на граѓани во кое здружение се здружуваат љубовта, желбата и ентузијазмот кон фолклорот на многу млади луѓе во Вевчани.

Од тогаш до денес активно и успешно работи на негување, развивање и презентирање на сценско уметничките дејности, со посебен акцент и внимание кон фолклорната дејност. Како национално богатство на Р.Македонија ова културно уметничко друштво се афирмира себеси,и ја афирмира нашата држава онака како што се очекува,квалитетно и достоинствено, а како доказ се освоени дипломи, награди и признанија на домашни и сртански фестивали.

Богатата изворна Вевчанска носија,изворните инструменти, изворните кореографии од Вевчанското поднебје го прават ова друштво едно и единствено, различно од сите други во Македонија. Но покрај изворниот фолклор, на репертоарот на ова друштво се наоѓаат и кореогравски обработки од сите играорни подрачја на нашата држава (источно, западно, централно, јужно), а за нивна презентација ова друштво располага и со соодветна носија од горе споменатите региони.

Квалитетното озбилно и "професионално работење на КУД "Дримкол", предизвикува големо внимание кај младите во Вевчани, ја зголемува желбата и љубовта кон уметноста кај нив овозможува постојано да расте бројот на членови, а тој број денес изнесува 135 активни членови на возраст од 7 до 35 години.

Покрај редовно учество на домашните фолклорни фестивали: Балкански фестивал -Охрид; Илинденски денови -Битола; Оро без граници - Скопје; КУД "Дримкол"има учествувано и на фолклорни фестивали во странство и тоа:

Хрватска - 1979,1980,1982,1987 година; Србија и Црна Гора - 1981, 1997, 2000, 2001, 2002, 2003 година; Германија - 1990 год; Полска - 1993, 1995 год; Турција - 1994, 1997, 1998 год; Бугарија - 1992, 1997 год; Египет- 2002 год; Сардинија-Италија - 2003 год.

Во склоп на КУД "Дримкол" Вевчани работи и аматерската театарска група Патувачкиот театар "Поклонисе и падни" лој обработува и поставува на сцена драмски текстови врз основа на Вевчанскиот немирен дух, а со тоа ја продолжува театарската традиција во Вевчани која датира од 1936 год.

КУД "Дримкол"како високо квалитетна културна институција во Вевчани, дава огромен придонес за развој на македонската култура и традиција.

http://www.kud-drimkol.org.mk/