Улогата на Калифатот во ширење на исламот

“Калифат” е првична истоимена држава, основана во средниот век (VII, VIII век и понатаму) во Арабија и новоосвоените територии од страна на Арабјаните (со проширувањето на исламот) во Северна Африка и делови од Пиринејскиот Полуостров.


Но подоцна исламот како нова светска религија, далеку ќе ги надмине границите на Калифатот ( Европа, Средна Африка, Индија и Индонезија).


Калиф

“Калиф” е титула на муслимански духовен и световен владетел на арапските држави што се создадени по смртта на Мухамед а.с од XVI век титулата калиф ја имале и некои турски султани. Но како што е познато, Големото Народно собрание на Турција на чело со Гази Мустафа паша, Кемал Ататурк, го укина калифатот и членовите на оваа династија ги протера од земјата.

(Извори – “Исламизацијата и етничките промени во Македонија” ,Др.Нијази Лиманоски, Скопје 1993 год., стр 26; “ Enciklopedija Leksikografskog zavoda” Zagreb, knjiga III, Zagreb, 1974, str. 574; “ Istorija Arapa”, Filip Hiti, Sarajevo 1983, str. 643, 644)