Свети книги на Исламот

“Коран” – арапски поим за “читање”, “читанка” и сл., и е света книга за муслиманите.Тој е збирка од верски, морални и општествено-правни прописи, кои според исламот, Аллах му ги објавил на светот преку неговиот пратеник Мухамед и кои се основата на исламското верско учење и право.


Коранот се создал и низ собирање на Мухамедовите изјави, изреки и прописи во времето од 611-633 год. н.е, забележани или запамтени од неговите ученици, што се заедно го соединил првиот калиф Абу Бекир. Конечната модификација е извршена околу 650 год. н.е за време на калифот Осман (6 месеци по смртта на Мухамед, е собран на едно место). Интересно е што од тогаш до денес Коранот не претрпел никаква измена. Коранот е и филозофија на исламската религија, постепено е објавуван за време од 23 години. Дел е објавен во Мека а друг во Медина.

Коранот напишан на арапски јазик и писмо, бил и е темелник за националното чувство и традиција на арапската нација. Идентификувајќи се со Коранот Арапите, исламизираните народи во Азија и Европа, се сметаат како дел од арапскиот свет со изгубено народносно чувство и етничко потекло, па така се создава амалгам врз основа на пенетрираното “арапско (читај муслиманско) чувство и традиција“ сосема погрешно ненаучно идентификувајќи се со Арапите, но на туѓа, неарапска почва. Типичен пример се исламизираните Срби од Босна, како продолжувачи на арапската традиција и култура на словенска почва. Коранот за првпат на арапски јазик се печати во XIX век а со доаѓањето на турскиот реформатор Кемал ата Турк, Коранот се печати и на турски јазик како популарно издание.

“Хадис“- тоа е патот по кој Мухамед одел при ширењето на исламот. Во практика го оживотворувал верското и политичкото водство и единство на муслиманите во Арабија, како со посредство на Коранот, така и со своите зборови и однесување. По еден век од смртта на Мухамед, оваа традиција од животот и однесувањето на Мухамед е прифатена како втор извор на исламот, како апостолска традиција, и затоа е позната како Хадис.

(Извори – “Исламизацијата и етничките промени во Македонија” ,Др.Нијази Лиманоски, Скопје 1993 год., стр 63-64; “Enciklopedija Leksikografskog zavoda” Zagreb MCMLIX, knjiga IV, Zagreb, 1974, str.457; “Kuran chasni” Zagreb,1974, str.838; “Prevod znachenja Kurana”, Besim Korkut,Sarajevo 1984 )