Ислам

“Ислам” е покорност кон “божјата воља” а следбеникот на исламот се вика муслиман. Исламот е монотеистичка религија настаната во Арабија во VII век со учењето на Мухамед и неговите следбеници.


Мухамед се смета за најголем (и последен) Алахов пророк (Расул Аллах), печат на пророкот. Исламот е заснован врз верувањето на Аллах спрема учењето на неговиот пророк Мухамед, содржано во “Коранот” и “Хадисот”.

Исламот најпрвин е проширен во Арабија, откаде потоа по пат на пенетрација и борби се шири и во Азија, Африка и Европа (последнава најпрвин во Шпанија, Италија и подоцна Балканот со османлиските освојувања).

За Македонија, главен носител на исламот се Турците кои исламот го прифатиле најпрвин во матичниот Туркестан (Централна Азија) во крајот на VIII кога станале сунити муслимани. Учители за исламот им биле Арапите, кои им ја наметнуваат исламската религија со нејзините општествено-економски начела, верското право и алфабетското пишување кои Турците ги задржуваат се до 1928 год. Со исламот Турците покрај арапското писмо, позајмиле и стотици верски научни, правни и книжевни термини од арапскиот и персискиот јазик, кои им ги наметнуваат и на народите од Балканот во исламизираните средини.
Главните причини за исламизацијата на Балканот, се сведуваат на самата основа од Османлиското царство. Како феудална држава со теократски централизам и султан, во основата на своето уредување и е Шеријатот (верски пропис) позајмен од поранешната арапска држава, но со османлиска модификација. Шеријатот е заснован токму врз исламот, а како главни и основни правни кноги ги користи “Коранот” и “Хадисот”.Теократскиот карактер на државата бил изразен и во лицето на “Шејх-ул Исламот”,врховен толкувач на шеријатските прописи и чувар на исламската традиција.

(Извори – “Исламизацијата и етничките промени во Македонија” ,Др.Нијази Лиманоски, Скопје 1993 год., стр 63; “ Enciklopedija Leksikografskog zavoda” Zagreb, knjiga III, Zagreb, 1974, str. 574; “ Istorija Arapa”, Filip Hiti, Sarajevo 1983, str. 643, 644)