Српска преписка за пропагандите во Македонија IX

Стојан Новаковиќ, пратеник на Кралството Србија во Цариград – на Драгутин Франсовиќ, Министер за надворешни работи во Белград.


Господине Министре,

За некој ден се надевам дека ќе доспеат до Вас да напишам извештај за подалечната работа на г. г. Н.Јевровиќ и К. Групчевиќ околу дозволата за издавање на “Македонски лист”. И околностите се такви, да не се чудите, што во оваа работа сета работа не донесе успех. Меѓутоа, обидите ќе продолжат и понатака, за што ќе Ви пишувам.


Стојан Новаковиќ

Во поранешните писма Ви ја спомнувам мислата, да на истата работа за која листот работи, може да се проба со засебна публикација во вид на мали списи и брошури. Во останатото, ниту за тој пат не знаеме како би се покажал бидејќи уште ништо не сме се обиделе. По повод книгата на Офејков “Македонија“ за која имав чест да Ве известам (со писмото од 30 јан. ПБр.22), погоре споменатите господа напишале полемички списи НА НИВНИ МАКЕДОНСКИ ДИЈАЛЕКТ, кој би можел нешто да се дотера, па овде да се отпечати за Македонија. Тоа би било начин, за да видеме како оди со печатењето и со цензурата како и со растурањето во засебни списи. /Ако/ значи одобрувате, да се обидеме, и ако можете да пратете на тоа име нешто трошоци ( мислам дека 400-500 динари би биле доста), повелете да ми јавете, а јас потоа ќе се погрижам да понатака ја раководам работата, и да ги прегледам списите.Списите би ми биле против бугарската пропаганда во Македонија, а никако против Турција. СРПСКИТЕ ТЕЖНЕЕЊА БИ БИЛЕ ИСТО ТАКА МНОГУ ЗАТСКРИЕНИ, ОСОБЕНО СО КОБАЈАГИ ЗАСЕБНИТЕ ТЕЖНЕЕЊА НА САМАТА МАКЕДОНИЈА.

Со најодлично почитување Ваш
Ст. Новаковиќ
Претставништво на Кралството Србија во Цариград
Дов. бр. 43 - - - - - - - - - -
27. февруари 1888 година 3 – III - 88
во Цариград Дов. No 178
Да се одобри
Г. пратеник
Чест ми е да Ви јавам /?/ дека го одобрувам Вашиот предлог да се отпечати одговор на Офејковото дело /на/ МАКЕДОНСКИ дијалект и се растури по Македонија.Што трошоци ќе има, Ве молам да повелете нахнадно да побарате.
При/мите …./

8/ III 1888. Екс. 8 – III - 88
ДСЧ.

(Извори – Оригинал – Архив Србије, МИД ПО ф.III, досие VII, Дов.бр. 178/1888; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV книга III,1888-1889)


Од ова писмо се наметнуваат следниве факти :

1. Коста Групче и Н.Евров покренуваат весник “Македонски лист” за што наидуваат на потешкотии но нивните обиди продолжуваат што пак будно го следи Новаковиќ и за што известува кај своите во Србија.

2. Новаковиќ спомнува дека и Србите би требало да се обидат со слични средства и засебни публикации во вид на списи и брошури да работат на српската кауза.

3. По повод пробугарската пропагандна книга на Офејков овие господа (Групче и Евров) пишувале полемички статии на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК кој српскиот конзул го нарекува “македонски дијалект”.

4. Новаковиќ оди чекор понатаму, предлага истите статити да се искористат но НЕШТО ДА СЕ ДОТЕРААТ (се разбира во корист на српската кауза) и таму да се отпечатат за да се користат како пропаганда за Македонија.

5. Во ова Новаковиќ гледа и начин да се види како оди со печатењето и цензурите но и со растурањето на вакви засебни статии и списи, т.е да го види пропагандниот ефектот за српската кауза во Македонија.

6. При растурањето на српската пропаганда во Македонија Новаковиќ предлага значи доближување до етничките чувства на македонскиот народ преку списи и статии против бугарската пропаганда но никако против владеачката Турција.

7. Со ова српската пропаганда би пливала на бесот на македонскиот народ против бугарската пропаганда наметната преку црковното егзархиско право врз Македонија дадено од Турција, но така да не доаѓа во судир со самата Турција.

8. Со ова српските тежнеења како ги нарекува Новаковиќ БИ БИЛЕ МНОГУ ЗАТСКРИЕНИ СО КОБАЈАГИ ЗАСЕБНИТЕ ТЕЖНЕЕЊА НА САМАТА МАКЕДОНИЈА (?!). Но и самиот Новаковиќ е СВЕСЕН дека тие МАКЕДОНСКИ ТЕЖНЕЕЊА НЕ СЕ “КОБАЈАГНИ“ ШТОМ СЕ РЕШИЛ ЗЛОЧЕСТО ДА ГИ СПОМНУВА И ЗЛОУПОТРЕБУВА.

9. За нив се свесни Министерот Франасовиќ и српската влада штом ОДОБРИЛЕ печатење одговор на Офејковото дело и тоа на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК кој би се растурал низ МАКЕДОНИЈА. Силината на македонизмот тие ја увидоа и од католицизмот кој има успех токму заради признавањето на македонската засебност, но ја увидоа и од бунтовите на учениците Македонци против бугарскиот јазик.