Српска преписка за пропагандите во Македонија VII

Драгутин Франасовиќ, Министер за надворешни работи на Кралството Србија – на др. Владан Ѓорѓевиќ, Министер за просвета и црковни дела во Белград



Владан Ѓорѓевиќ

Г. М./-инистер/

На нашиот консулат во Солун често му се обраќаат младинци кои учеле по разни училишта во Македонија, и го молат да тој ги отпрати во Србија да овде го продолжат своето учење, така и Г.Влахов, кој завршил VII клас гимназија моли со приложената молба да дојде во Србија. Г. Карастојановиќ спроведувајќи ми ја оваа молба напоменува дека би требало оние младинци кои со добар успех завршиле гимназија во Македонија, да се праќаат за некое време во Србија да се образуваат овде, и на тој начин ќе ги придобие за нашата работа, тоа што попрвин оти и бугарската пропаганада во оние краишта зела јаки размери, аова е скоро единствен пат да ја парализираме.

Соопштувајќи Ви го ова, јас Ве молам Г.М., повелете за оваа работа да донесете свое решение, за кое ќе имате добрина и мене да ме известите, како би можел и самиот г. Карастојановиќ да даде потребни упатства за слични случаи.
Повелете и т. н.
/ о Н ?/
Министер за надворешни работи на Кр. Србија
Д. Франасовиќ
31/ III 88.
Министерство за надворешни работи на Кралството Србија
Дов.бр. 286
31. март 1888 година
во Белград

(Извори - Архив Србије, МИД ПО ф. I, досие V, Дов. бр. 14/1888, два оригинали, 1 концепт; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV книга III,1888-1889)

Од ова се наметнуваат неколку факти :
1. Дописите меѓу конзулите и Министрите, потврдуваат дека Србите се затечени од македонското национално движење во училиштата и не знаат што да превземат ( конзулот во Солун :“..со вакви и со ова подобни молби, доаѓаат често во овој Консулат, заради тоа Ве молам Господине Министер, повелете да ми дадете нужно упатство, како да се однесувам кон молителите”).
2. Од преписките меѓу министрите во Србија се согледува веќе замислата за превземање на незадоволните ученици за српска кауза (пр. Министерот за надворешни до Министерот за просвета : “..да се праќаат за некое време во Србија да се образуваат овде, и на тој начин ќе ги придобие за нашата работа..”)