Српска преписка за пропагандите во Македонија VI

Петар Карастојановиќ, генерален консул на Кралството Србија во Солун – на Драгутин Франсовиќ, Министер за надворешни работи во Белград


Господин Министер,

Во прилог под ./. чест ми е да Ви ја пратам молбата на Г. Влахов на увид, со вакви и со ова подобни молби, доаѓаат често во овој Консулат, заради тоа Ве молам Господине Министер, повелете да ми дадете нужно упатство, како да се однесувам кон молителите.

Моето скромно мнение, е дека би требало, младинците, кои со добар успех ово-земската Гимназија ја завршиле, за некое време да се праќаат во Србија, и на тој начин да се придобиваат и надоаѓачките поколенија за нашата работа.

Бугарската пропаганда е многу јака, и ние мораме со сите сили да настојуваме да ги парализираме, инаку тие ќе го превземат замавот, ние инаку доцна почнавме, но ако и сега ништо не направиме, ќе немаме, многу на што да се /на/деваме.

Ве молам, Господине Министре, да примете уврение за моето високо почитување, Вам понизен
П.М.Карастојановиќ

Генерален консулат на Кралството Србија во Солун

Дов. бр. 14
22. март 1888 година
во Солун

(Извори – Архив Србије, МИД ПО ф. I, досие V, Дов. бр. 14/1888, два оригинали, 1 концепт. Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV книга III,1888-1889)