Еволуцијата на неолитот во Македонија

Еволуцијата на неолитот во Македонија е поделена во три фази: ран, среден и доцен и неколку интерни подфази.


Претфазата за средниот неолит е прилично јасна, но за раниот и доцниот таа е нешто поскромна и со поограничени информации.
На пример за најстарите населби, кои се појавуваат кон крајот на раниот неолит како целосно оформени, не е познато дали произлегуваат од постари населби, а исто така не се познати и нивните носители за кои се врзуваат. Со доцниот неолит е слична состојбата, таму остануваат прашања врзани за времетраењето, процесите на неговот настанување, културниот карактер и сл.

Македонскиот неолит според типолошките карактеристики кај материјалните остатоци кои покажуваат културна невоедначеност, може да се подели на две групи :

- Анзабегово - “Вршничка“ (источна Македонија).
- “Велушко-породинска“ (западна Македонија).


Анзабегово - предмети од керамика 7 000 до 6 000 г.п.н.е

Оваа поделба е до 90-тите години на XX век но со наодите на опсерваторијата Кокино и околината, најстариот жител на Балканот од пред 9000 години и др. наоди при копањето на хидросистемот “Злетовица”, Азот-Велешко со окарината инструментот од пред 6000 години и др. предмети, можеби се отвара пат за нова типизација.

Ранонеолитската керамика со орнаметиката по садевите изведена со втис, штипење и сликање со бела боја на црвена основа и украсувањето со бели флорални и геометриски структури како специфика на оваа фаза, во исто време укажува на сродност меѓу населбите од Егејска Македонија и Пелагонија.
Садовите пак од другата постара интерна фаза (Анзабегово- Вршник), покажуваат ранонеолитски традиции. Втиснатите орнаменти се задржуваат со таа разлика што во организацијата на мотивот е присутна симболика. Некои потсетуваат на житно класје, други на капки дожд, кора од дрво и сл.Но побројни се садевите со фина изработка, монохеомни и сјајно измазнети, украсени со канелури и боцкања, како и со сликање при што белата боја е заменета со темнокафеава.

Амфора со стилизирани флорални орнаменти - Тумба Маџари

Средниот неолит со последната фаза, сведочи за многу поголема самостојност во обработката на керамиката во Македонија. Во услови на благосостојба и голем културен и духовен подем, таа е креативна, стилски оформена, ослободена од шаблони и надворешни влијанија. Карактеристични се садовите “аскоси” кои наликуваат на мешини или водени птици, а особено амфорите и пехарите од “Тумба” – Маџари, Мршевци и Анзабегово, кои по начинот на украсувањето и цртежот на мотивот претставуваат посебни уметнички остварувања.

Ритуалните облици се сеуште недоистражени особено во однос ан нивната организираност. Предметите се откриени во објекти па сигурно е дека обредите биле изведувани во рамките на семејството, а светилиштето од “Тумба“- Маџари укажува на заеднички обреди.

Во Македонија најразвиен заеднички почитуван култ во ова време, е култот на Големата мајка божица. Има бројни нејзини претстави, најчесто како пластично стилизирано тело на кои се атрибутите на плодноста и мајчинството но и очите. Последново и како персонификација на тоа дека Големата мајка “ги гледа“, (одгледува, бдее над нив и сл.). Дури и подоцна меѓу прото Македонците долго се задржува култот на мајката божица – МА, која се грижи за нив и ги гледа. Дали и името на оваа населба не укажува на овој момент, зашто разделено го дава токму овој поим :

МА – ЏАРИ = МА – ГЛЕДА (арх. “џари”, се џари = окорува, гледа и сл.)


Цилиндер од жртвеник (култен објект) Божицата - Голема Мајка (напред) - Тумба Маџари

Доцниот неолит, како последна фаза од неолитот, ги означува новите општествени и етнокултурни промени, предизвикани од експанзионистичките раздвижувања на популациите од разни културни групи. Извесни се влијанијата од овие раздвижувања и размената на културните влијанија при раселувањата и на тлото од Македонија. Сега керамиката од Анзибегово е поквалитетна, монохромна по боја, во облици со биконусно профилирани ѕидови украсувани со мотиви од плитки канелури, боцкани орнаменти и многу ретко премачкувани со сува бела или црвена пастелна боја. Кај култните предмети кои во основа ги задржале старите традиции, впечатлива е тенденцијата за постилизирано претставување на божицата на плодоста. Споредбите на овие материјални остатоци со оние од постарите фази или други доцнонеолитски култури, покажуваат духовна и културна ограниченост и нагласен провинцијализам со влијанија на матичните традиции.