Македонски народни поговорки (Е)

- Евтиното месо ни кучиња не го јадет.
- Еден будала шчо ќе заметнат, триста умни не может да го одметкет.
- Еден в клинец, други в плоча.
- Еден вълк на едно стадо му е доста.
- Еден гљат клечка, а другиот мечка.
- Еден го бијат тъпанот, други 'и собират парите.
- Еден гроб е и за богат и за сиромав.
- Еден дробит, други сркат.
- Еден е Аџе шчо го држит султан Амида под гъз.
- Еден за сите, сите за еден.
- Еден јајт ќисело, други фашчат оскомина.
- Еден је сакат попаѓата, други попската ќерка (сна).
- Еден јъзик, а две очи чвек имат.
- Еден јъзик, а две уши чвек имат.
- Еден по пътот, други крај пьтот.
- Еден по пътот, другиот в трње.
- Еден прајт, мноѕина тргет.
- Еден се родил да сејт, а други да пејт.
- Еден ум чвек имат.
- Еден ум, аљ за лете, аљ за зиме.
- Еден чвек не мојт се да знъјт.
- Една беља да е, со шеќер да је јајш (да је раниш).
- Една беља не е беља, сто бели се беља.
- Една гла две капи не носит.
- Една гла — една капа.
- Една гла — една шија.
- Една краста коза цело стадо (цел буљук) ќе го окрастајт.
- Една ластојца не прајт пролет.
- Една нула — една кула.
- Една уста, а две ръце чвек имат.
- Една уста, аљ' за смеење, аљ' за плачење.
- Едната ръка је мијат другата, а двете лицето.
- Едната ръка је мијат другата, за да се и двете бели.
- Едната ръка је мијат другата.
- Еднему мајка, другему мъшчја.
- Еднему со лајца, другему со пајнца.
- Едни очи, аљ' за радвење, аљ' за плачење.
- Едни плачет, други се смејет.
- Едниот в клинецот, другиот в плочата.
- Едниот го бараш, другиот го нема.
- Едниот ќор, а другјот слеп.
- Едно дете, ѓаол дете, две деца, мој деца. рекол натемаго ѓаолот.
- Едно магаре брезо не е.
- Едно магаре вода не знъјт да напијат.
- Едно мислет глуфците, а друго мачката.
- Едно мислит камиљата, а друго камиљарот.
- Едно мислит, друго зборвит, трето прајт.
- Едно мислит, друго зборвит.
- Едно на срце, а друго на јъзик.
- Едно на срце, а друго на лице.
- Едно на ум, друго на срце, трето на јъзик.
- Едно на ум, друго на срце.
- Едно нешчо шчо те прајт од умен будала, не клај го в уста.
- Едно око домакинско свршвит појќе работа, отколку два ръце измеќарски.
- Едно сери, друго бери.
- Едно чвек кројт, друго господ прајт.
- Еднош (едношка) се зафашчат.
- Еднош (едношка) се умират.
- Еднош чвек се рожџат, еднош умират.
- Еднош чвек се рожџат.
- Еѓупка не белејт.
- Еѓупката је клале царица, а таја ќинисала да питат.
- Еѓупката не умрела од шегата.
- Еѓупска сила, трње вршила.
- Еѓупска торба без дно.
- Еѓуптинот го клале цар, а тој опитал: „Шчо ќе прам за леб"?
- Еѓуптинот ко се сторил цар, прво татка си го обесил.
- Еѓуптинот кога имат пекмез, не заспивјат дури не го изејт.
- Еѓуптинот кога нашол појќе мас, го намачкал и гъзот да му светит.
- Еѓупшчината е без пари.
|