Македонски народни поговорки (Д)

- Да 'и купиме еднош волојте, та ќе видиме кој ќе 'и пасит.
- Да бев ти рекол така да речиш, не ќе речеше.
- Да береше секоја пчела мед, бумбарон ќе собереше најмногу.
- Да береше секоја пчела мед, ќе беше ока и пара.
- Да беше арно, и господ брат ќе имаше.
- Да би мирно седело, не би чудо видело.
- Да бидам неста, колку да поминам на редот.
- Да видам и да не вервам.
- Да видиш и да не вервиш.
- Да го дуниш, ќе паднит
- Да го заколеше, крв не ќе притечеше.
- Да го маш, ќе плачит, остај го ќе ти се смејт.
- Да го немат носон, трева ќе пасеше.
- Да го облеквиш, да не го раниш.
- Да го помирисаш, носот ќе ти паднит.
- Да го раниш, да не го облеквиш.
- Да го стисниш за нос, ќе му излезит душата.
- Да е глува земја.
- Да е жив калемот!
- Да е кабия и в пазва би ме (те. го) клал*.
- Да зинит, ќе те гълтнит.
- Да зинит, ќе те измъмит.
- Да знъјт чвек кога ќе умрит, сам ќе си го ископат гробот.
- Да зшъјш не е марифет, марифет е да умејш.
- Да им го видиш ајрот ко прав на тъпан.
- Да има да цуцнам та ако пукнам, рекол пијаницата).
- Да имаш два гъза, та еднјот да го рашчиниш, (да не те болит).
- Да имаш не е марифет, марифет е да знтъјш да чуваш.
- Да имаше баба мустаќи, не ќе предеше.
- Да имаше брашно и мас, и баба ке посучеше преснеѕ.
- Да ме клоцнит ат, се јајт некако, ама да ме клоцнит красто магаре, со нишчо не се јајт.
- Да ми беше ум до судот, ко шчо ми беше од судот.
- Да ми е жив соколон, еребици доста.
- Да ми е овој ум, а она младост.
- Да му 'и извајш очине, пак ќе прогљат.
- Да му (ти) цутит јъзикот, (устата, ръката.).
- Да му е жив калемот!
- Да му е жив на мъжа ми калемот.
- Да му паднит носон, не се навеждат да си го зејт.
- Да му речет: „Летат магаре", тој ќе излезит да го видит.
- Да му требит капа, да му купиш, ум немојш да му купиш.
- Да не го знъјш (познаш), скъпо би го платил.
- Да не дуваше ветар, пајацине небоно ќе го премреже.
- Да не зинит, та да не те измъмит.
- Да не му беше (је беше) носон, трева ќе пасеше.
- Да не ти врнит на свадбата.
- Да не чујат лошото.
- Да немаше темница, ич не ќе ни беше мила виделинава.
- Да паднит на плешчи, носон ќе го скршит.
- Да паметвите кога бил дедо ви во Солун.
- Да прднам, ќе умриш (ќе умрит).
- Да се баре, не ќе се наје.
- Да се жениш млад, рано е, стар — доцкна е.
- Да се живи живите да 'и споменвет умрените.
- Да се живи предните зъби.
- Да се нает за какан-ден.
- Да се чудиш и да се древиш (да се крстиш).
- Да си клајш убетка на уше.
- Да сме живи, да видиме.
- Да сум в рај, макар и на крај.
- Да сум паша, ако со опинци.
- Да те клоцнит ат, се јајт некако, ама магаре да те клоцнит, болит.
- Да ти е алал на граот.
- Да ти е арам лебот шчо го јајш.
- Да ти е жив калемот, дај да ти го бацам.
- Да ти е жив коњот шчо ти цојса лани.
- Да ти е жив коњот.
- Да ти кажам ко на брат, за да го чујат цел град.
- Да фатит вол (магаре) з' опашка, ќе му останит опашката в ръце.
- Давил не давил вълкон, ко ке го видет му викет: Уа, уа!
- Дадена ръка, спасена душа.
- Дај ми 'и очите да те видам.
- Дај ми 'и очите да те водам.
- Дај ми, боже, шчо ми мислит жена ми, а не мајка ми.
- Дај ми, боже, шчо ми мислит комшијана, а не мајка и татко.
- Дај му на бога проскура, за да не му даш на ѓаолот ќиселец.
- Дај му на будалата етап, за да ти е скршит глата.
- Дај на питач, на бога му даш.
- Дај нож да се (те) закољам.
- Дај садака, на господа заем му даш.
- Дај со ръце, барај со ноѕе.
- Дала баба грош да се фатит на оро, после дала и јузлук да се пушчит, ама не је пушчале.
- Дан ти се уборит (убори) бисерот.
- Даскалска гла — празна.
- Два гъза в едно рало гашчи.
- Два карпуза под една мишка не се носет.
- Два ќотега се карет, ама не и два ручега.
- Два лешника еден орев надвивјет.
- Два љути (остри) камена брашно не мелет.
- Два петла на едно бунишче не пејет.
- Два ручега не се карет, а два ќотега.
- Двајца без душа, третјот без гла.
- Двајца голи за на бана.
- Двапъти (десетпъти) удри еднош број.
- Двапъти в стъпица не падинат лисица
- Двапъти водејнци се зборвит.
- Двапъти водејнци, трипьти ваљајци се кажвит.
- Двапъти мери, еднош сечи.
- Двапъти по очите, еднош по носот, образ и немат.
- Две добра на една перница не лежет.
- Дури срце не заболит, око не заплаквит.
- Дури сум жив и здрав, се пари сум.
- Дури чвек сам не се пострамотит, никој, не мојт да го пострамотит.
- Душа носиме, душа не поелвиме.
- Душа од мрша лесно не се делит.
- Душата во носот си је носит.
- Дълга болест полоша од смрт,
- Дългокоси — кусоумни.
|