Македонски народни поговорки (В)

- В една тиква прдет.
- В една уста пљувет.
- В лице ти се умилвит, а зад тебе гробот ти го копат.
- В орман кадија не судит.
- В орман ферман не се пејт.
- В пазва би го клал да е кабиљ.
- В село не го прибирет (прибервет) а тој опитвит ке седит попот.
- В устата ти мед.
- Варди го (врзи го) попот, за да е мирно селото.
- Варди да не се поболиш, оти мъчно мојш да оздрајш.
- Варди дури не се затркаљало клопчето.
- Варди се дури си здрав, зашчо шчо марифет од ко ќе си је клајш чивијата.
- Варди се и господ да те вардит.
- Варди се од крава оцпреди, а од мъска одоѕади.
- Варди се од мътна вода!
- Варена та печена.
- Варено, печено нам ни било речено
- Ведра ноќ ко рибино око.
- Веков е колце — се вртит.
- Веков е скала: еден качи се, други слези
- Веков за лошите е рај, а за арните мъки без крај.
- Вера е да се држит, а закон е да се вардит.
- Верата и планини подмрдвит (подмествит).
- Верата си е вера, законот си е закон.
- Верви му на момокот, ама и на окото.
- Верен слуга — здрав (златен) кључ.
- Вересија — гола шија. (вермесија, потресија).
- Весело срце къдељка предит.
- Ветар го вејт на бела кобила.
- Ветар дупка не пьлнит.
- Ветар му вејт низ ушине (глана).
- Ветар терат со капата.
- Ветрот дебелите дрвја 'и уриват, а слабите 'и виткат.
- Ветрот е најсилен пред да тивнит.
- Вечерва кучето и мачето заедно ќе спиет.
- Видела жабата ке се коет (ке 'и коет, потковјет) коњите, та и та је кренала ногата (да је поткоет).
- Види гъзе новина, не дочекај година (За човек што не чува алишта).
- Види му 'и опинците, та пушчи го дома да ти влезит.
- Види му го умот, крој му капа.
- Види му го умот, купи му ја (пиши му ја) стоката.
- Види му го умот, суди му за дома.
- Викај ме грне, само не крши ме.
- Викај по вълкот дури не влегол в трло.
- Вино купви, вода пи.
- Виното го прајт чвека и везир и резиљ.
- Виното и раќијата немет нозе, ама по нозе мавет.
- Виното и раќијата немет ръце, ама за очи фашчет.
- Виното и умниот го збудаљвит (го побудаљвит).
- Виното не седит во глата мадро како во шишето.
- Вистина на чистина.
- Вистината боцкат.
- Вистината е како пипер в очи.
- Вистинскиот пријатељ е помил од се (од брат).
- Вјавај ме, жељко, дури (зашчо) летат орелон над мене.
- Влав сиромав — Македонец; Влав богат — Грк.
- Влакното го цепит.
- Влегвит (влегвиш) како в ан.
- Влегол во ќелеш дефтер.
- Влечкај стапот, земај акот.
- Во Бруса по мајмуни.
- Во голема вода големи риби се лоет.
- Во еврејско (турско, ѓаолско) село црква не се прајт.
- Во една врчва мед, една олџица лајна.
- Во една каца мед, една ока лајна.
- Во здрава нога, трн не се клат.
- Во каква лељајка го повиле, во таков гроб го закопале.
- Во куќата на обесен не зборви за рже (фортома).
- Во куче ако имат чвештина, та во него.
- Во лошото чвек се познат каков е.
- Во мала вода јьдра риба не живејт, (не се лојт).
- Во мало село многу кучиња.
- Во морето дупка.
- Во морето со олџица притурвит.
- Во мъката рат не те оставет.
- Во мъката чвек не се познат.
- Во мътна вода не се лојт.
- Во мътна вода ракој — мекачи (т.е. жаби).
- Во неоља и песот бълви јајт.
- Во неоља не се плачит, ами чаре се барат.
- Во неоља чаша отрув е поблага од печено јагне.
- Во неољата учиме, а во слободата се разучвиме.
- Во празен амбар (во празна куќа) ни глуфци не живеет.
- Во Прилеп мајмун не играт.
- Во секое брашно имат трици.
- Во секое жито имат граор, (къклица, граор и къклица).
- Во секоја манна мироѓија.
- Во старо (фето) село нов адет (закон) не прај.
- Во сто ореј здрави, еден лош не се познат.
- Во тенџерето вари, во капакот јади.
- Во тивка вода повисоко кревај 'и полите.
- Во фети (стари) меој младо вино не се туриват.
- Во чуждото око је гљат раската, а во своето гредата не.
- Во чужџа манџа не клај сољ.
- Вода в речина (решето, сито) не се носит.
- Вода газит, жеден ојт.
- Вода донесла, вода однесла.
- Вода со трње не се кршчат, туку (ами) со босиљок.
- Водата и огнот се добри слуги, ама лоши господари.
- Водата ќе протечит, песокта ќе останит.
- Водата не знъјт ни кумство, ни пријатељство.
- Водата се мијат, само јъзикот не го мијат.
- Водата се мијат, само црнјот образ не мојт да го измијат.
- Водата се мијат.
- Водата се носит, само страмотата не ја однесвит.
- Водата спијат, душманот (врагот) не спијат.
- Водата спијат, љуѓето не спијет.
- Водата спијат, рајата не спијат.
- Водата течит, песокта останвит.
- Водејнци и ваљајци гајда не се слушат.
- Воден од дожд не се плашит.
- Води го, буцат, терај го, клоцат.
- Волот се врзвит за рого, а чвекот за јъзик.
- Врба дрео, зет фара (роднина) и магаре стока не се.
- Врба низ гъзот ќе му порастит.
- Врба огрја, зетва накрепа.
- Вреден ко долниот камен од водејнца
- Време бреме продат.
- Време градит, време разградвит.
- Време купвит, време продат.
- Време носит бреме.
- Време течит, пљаги (рани) лечит.
- Времето понекогаш е мајка, а понекогаш мьшчја.
- Времето се лечит.
- Времето шчо поминало назад не се врашчат.
- Врзан поп, мирно село.
- Врзи прст, барај лек.
- Врзи си црвен конец на прстот.
- Врнит, грмит, пътот врвит.
- Врти куќа без леб.
- Вртит ко лисица околу стъпица.
- Вълк на вълк ни в планина не удират.
- Вълк пастрма не чуват.
- Вълкот влакното го менвит, ама уќот (табиетот) не го менвит.
- Вълкот во врешче не влегвит.
- Вълкот вълчња рожџат.
- Вълкот и од броените јајт.
- Вълкот плачит за мъгла.
- Вълкот по поръчано не идат.
- Вълкот сакат млади јагниња.
- Вълци, врани стоката ќе му је јадет.
|