Димитар Влахов за Евреите - социјалисти од Солун

“1911 год. е година на активна социјалистичка дејност, како во Македонија,така и во другите области на Турција. Солунската социјалистичка федерација, во таа година, разви многу силна борба како на политичко, така и на синдикално поприште…


Како што веќе спомнав јадрото на синдикалното и социјалистичкото движење во Солун специјално, го составуваа еврејските работници и интелектуалци. Еден од најактивните синдикати беше синдикатот на тутунските работници, манипуланти, чии што број во Солун достигаше 5 000 души. Во тоа реме се формира и синдикатот на амалите,кој беше еден од најздравите синдикати. Тука би сакал да потцртам дека работниот совет во Солун од еврејска националност учествуваше во сите гранки на стопанската и општествената дејност, а исто така и во политичкиот живот.

Тој работнички свет често организираше и свои забави како што беше кермесот во летото 1910 год. во познатата бавча во Солун, наречена “Бешчинар “. Уште пред да станам активен на Солунската социјалистичка Федерација која заедно со синдикатите ја организира таа забава, нашите одлични другари Бенероа, Хазан, Ардити и Реканати ме поканија да земам учество во таа забава и да зборувам на митингот, кој тие, истовремено со забавата, го беа организирале во “Бешчинар“…”

( Извор - “Мемоари на Димитар Влахов“од 1952 год., НИП “Нова Македонија”,1970 год, Скопје, стр.115 )