Интересен е самиот поим - “a`pokryfos” (а покриф) кој во македонскиот јазик и буквални значи - ја покриф, ја скрив и сл., а ова особено и зашто токму Македонија е главниот извор на апокрифите.
Апкрифите по содржина и наслов се сродни со канонските библиски книги, но таков авторитет црквата никогаш не им признала и не ги вовела во канонот. Главно настанувале во желбата да се задоволи набожното љубопитство на верниците кое не можеле да го задоволат канонските списи со скржавите извештаи за личностите од Стариот и Новиот завет.
Средновековен апокриф
|
Најраните апокрифи од првите векови на христијанството се главно за да шират некакво морално или еретичко учење што се криело вешто зад библискиот авторитет. Ќе користат и богомилите како еретичко учење но освен “Interrogatio Ioannis” како своевиден богомилски катехизам зачуван на латински превод, богомилите не создале ниеден друг апокриф.
Во “словенската” книжевност апокрифите влегуваат рано што се заклучува од трагите на старини во јазиците и лексиката на подоцнежните преписи ( пр. “Никодимовото Евангелие”, “Transitus Mariae” [“Успение Мариино”], делата на Павле и Текла и др.). Освен “Никодимовото Евангелие”, кое е преведено од латински најдоцна во X век, сите се преводи од јазик кој денес науката го бележи како “грчки”.
Според поделбата на библиските книги и апокрифите се делат на старозаветни и новозаветни, а новозаветните се делат уште на евангелија, дела апостолски, апокалипси и посланици.
Апокрифот Упение Богородичино (“Transitus Mariae”) бил најчеста тема на ликовните претстави за Богоричината смрт. Покрај нејзините многубројни кирилски преписи, зачувани се и три глаголски од XV – XVI век и една одделка од “Пазинските фрагменти” од XIV век.
Од западното потекло се пак кажувањата за Пилатовата смрт, зачувани во глаголските зборници од XV-XVI век. Од глаголските ракописи ни е позната Богородичната апокалипса или “Одењето на Богородица по маките”, потоа “Јовановата апокалипса” како и “Павловата апокалипса” која во полна редакција и преведена од “грчки”, се наоѓа во “Оксфордскиот зборник” од XV век.
Пророкот Варух
|
Значи апокрифите се рашируваат и пишуваат преведуваат буквално насекаде низ Балканот а од таму низ Европа ,главно потекло им е од Македонија. Така на пример наспроти тоа што апокрифите не се меѓу канонските книги дури се вбројувани меѓу лажните списанија, апокрифот “Протоевангелието Јаковово” го користи и Св. Климент Охридски при составувањето на “Проповед за пророк Захарија и за раѓањето на Јован Крстител” и”Похвалатa за Јован Крстител” (крајот на IX и почеток на X век).Многубројни црковни ликовни композиции се од апокрифи. Така ликовното решение “Легендата за прекрасниот Јосиф” во Св.Софија – Охрид, потоа сцените од Богородичниот живот од манастирите во Старо Нагоричане, Матејче, “Легендата за Авгар” – Матејче, но и многу други старо и новозаветни (“Книга за Аврам”,”Видение Исаиево”, “Видение на Варух”, “Книга за Енох”, “Видение на апостол Павле”, “Одење на Богородица по маките” и др.)
(Извори – E.Turdeanu “ Aposryphes bogomiles et apocryphes pseudo-bogomiles” Revue de l`histoire des regions, Paris 1950, CXXXVIII, стр. 22-52 i CXXXIX, стр. 176-218; A.Vaillant “Le Livre des Secrets d`Henoch”, Tehte slave et traduction francaise, Institut d`etudes slaves, IV, Paris 1952; E.Turdeanu “La Vision de ssaint Paul dans la tradition litteraire des Slaves ortodoxes, Welt der Slaven, I, 1956, стр. 401-430; A de Santos Otero “Das Problem der kirchenslavischen Apokryphen, Zeitschrift fur Balkanologie, Wiesbaden 1962, Helft ½ ; A.Vaillant “L`evengile de Nicodeme”,Texte slave et texte latin,II Hautes etudes orientales ,1, Geneve, Paris 1968; E.Turdeanu “Letestament d`Abraham en slave et en roumain, Oxford Slavonic papers, 1977, New Series, vol.X, стр.1-38; A de Santos Otero “Die handschrifthliche Uberlieferung der altslavisshen Apokryphen, Band I и Patristiche Texte und Studien, Band 20, Berlin и New York 1978)