Нано Ружин избран за амбасадор на годината

Македонскиот амбасадор во НАТО Нано Ружин е избран за амбасадор на годината во Брисел.


Претходната година истото признание го доби амбасадорот на САД, Викторија Нуланд.

Признанието го доделува Министерството за надворешни работи на Белгија во соработка на списанието „Дипломатик Њус“, а за изборот е надлежен специјалниот дипломатскиот комитет што е составен од поранешни истакнати белгиски дипломати. Тие именуваат тројца амбасадори на годината, по еден од сите три дипломатски корпуси што се на служба во Брисел, а главен критериум се остварените активности во изминатата година.

Свеченото врачување на признанието, како што соопшти денеска Министерството за надворешни работи, е предвидено за 3 март 2008 година, кога во Брисел треба да се одржи прием на кој ќе присуствува белгискиот министер за надворешни работи, Карл Де Гихт и претставници од дипломатскиот кор.

Во рамки на приемот ќе биде организирана културна и економска презентација на Република Македонија.

18.02.2008