Бесењето на војводата Александар Турунџов
Бесењето на војводата Александар Турунџов
Црно му било пишано
на Александар Турунџов:
шеснаесет години војвода,
на седумнаесет го фатија.
Го кладоа во долапи,
во тешки пранги железни.
Бог да го бие пашата,
тој валијата битолски,
тој на Александар говори:
-Кажи бре, кажи Александро,
што си досега направил ?
-Ми одговори Александар:
-Дегиди, пашо битолски,
не ли ме прашаш, распрашаш,
се право ќе ти раскажам:
к'шлите сум ги изгорил,
железници бомбардирал,
Турците сум ги истепал,
анките сум ги одбулил.
-Тогаш се паша налути
и луто ми го излага:
-Ја излези, бре Александро,
надвор е твојата невеста
со машко дете на раце!
Се израдува Александро,
излезе од долапите.
Тогаш му раце врзаа,
на бесилка го однесоа,
на бесилка - на Атпазар.
Дојде поп да го отпева
и дробни солзи пророни.
Александро му прозбори:
- He плачи, дедо, не жалај!
Ако ме мене обесат,
поарни ќе се од мене,
поарни храбри војводи!