Сирма војвода
Сирма војвода
Дека се чуло видело,
мома војвода да бидит,
на седемдесет сејмени
на тија гори зелени,
на тија води студени?
Мома им веле, говоре:
- Това сос људба на биват,
това сос срдба на биват!
Земајте прстен од р 'ка,
врзејте прстен на бука,
фрлејте редом на нашан;
кој ќе ударит прстенот,
тој ќе си бидет војвода
и мене ќе ме ќердосат.
-Сите фрљаа со редом,
никој ми прстен не удри.
Мома си вели, говоре:
-Подај ми, чауш, пушката!
Пушката пукна од р'ка,
падна ми прстен од бука,
пак мома вели, говоре:
-Земајте камен, фрлајте,
кој ќе ме мене натфрлит,
тој мене нека ќердосат,
тој млад војвода да бидет.
Сите ми се редом фрљаа,
никој се камен не натфрли;
Сирма ми камен натфрли
десет чекори потамо;
и седемдесет дружина
одбраа Сирма војвода.