Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 9314
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Единствено во Македонија > Дали знаете дека?
Св. мч. Александар
Сподели на Facebook

Македонец. Осумнаесетгодишен војник во војската на царот Максимилијан.

Одрекол по царската наредба да им оддаде почит на римските идоли, поради што бил предаден на капетанот Тиверијан или да го советува да се одрече од Христа или, пак, да го мачи и да го погуби. Бидејќи сите совети биле залудни, Тиверијан го зел со себе и го повел преку Македонија во Цариград каде што и самиот по должност морал да оди. Во секое место младиот Александар бил остро мачен, но во секое место христијаните излегувале пред него, молејќи го за благослов и храбрејќи го во подвигот. По него одела мајка му Пименија.

Во текот на ова патување на Александар повеќе пати му се јавувал ангел Божји блажејќи ги неговите маки и храбрејќи го. На едно место, викано Карасура, маченикот направил чудо со молитва: имено, кога жедта му досадила нему и на војниците што го придружувале, тој извадил извор ладна вода во суво место. На брегот на реката Ергина, Тиверијан наредил џелатот да го исече Александра и телото да му го фрли во водата. Кога џелатот замавнал над главата маченичка, видел ангели Божји наоколу, се уплашил и раката сама му се спуштила. Александар го запрашал зошто му опаднала раката, а тој рекол дека гледа некои светли момчиња околу него. Желен за смрт и соединение со Господа, Александар Му се помолил на Бога да отстапат ангелите за џелатот да не се плаши. И така џелатот ја завршил својата работа во 298 година. Пименија го извадила телото на својот син и чесно го погребала. Имало многу исцеленија на гробот на маченикот. По смртта маченикот ‘и се јавил на својата мајка и ‘и го навестил нејзиниот скорешен премин во другиот свет.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7459 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,33 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 05 ноември 2024
Моментно посетители: 322

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 “Соломоново клејмо” – заштита од зло
--------------------------------
 Св. мчци: Македониј, Татијан и Теодул
--------------------------------
 Македонци – прогласени за херои на Нирнберг
--------------------------------
 Храброста на Смилевските мајстори
--------------------------------
 Годината на стаорите кои одонесоа милиони во смрт
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: