Низ историјата имало повеќе вида на кули, и тоа:
- кули во состав на градските ѕидини, првенствено наменети за фланкирање (тврдински кули, бранечки кули, пирг);
- кули за живеење и одбрана (донжон, капетански и беговски кули);
- самостални кули (римски, варварски, чардаци, набљудувачници);
- опсадни кули (при опсади на градови);
- топовски кули на воените бродови (топовска кула).
На територијата од Македонија, има градби од сите видови кули во зависност од периодот и владетелите. Најдобар доказ за присуството на ваквите градби кај нас, се бројните називи на топоними ширум Македонија:
Речиси и нема град во Македонија без саат кула, слична на битолската
|
- "Кула", "Кулата", без и со именување, на пример - "Бегова(и) Кула(и), "Ѓурова Кула"," Саат Кула" и сл. (на повеќе локации);
- "Кули", "Кулите", без и со именувања, на пример - "Маркови Кули" (Варош-Прилеп), "Цареви Кули" (Струмица) и.т.н;
- "Кале" (на повеќе локации - Скопско Кале, Штипско Кале и.т.н);
- "Тумба", без и со доименување, на пример - "Тумба Маџари", "Градишка Тумба" и сл. (само "Тумба" на многу локации)
- "Градот", "Градиште", вака именуваните локации се и најбројни низ Македонија, буквално и да нема терен без ова именување,
- "Исар","Исарот", без и со именување, на пример - "Исар Марвинци", "Штипски Исар" ("Исаро") и.т.н.
- "Чардак","Чардаци", "Чардаклија", без и со именувања (на повеќе локации) а со ова слично е и
- "Стража", "Стражите" како и др. називи, кои укажуваат на стратешки возвишенија главно со набљудувачко стражарска функција на патиштата и превоите по кои имало соодветни градби на кули.

Примероци од разрушени но и зачувани феудални кули низ Македонија
10-катната Дијадова подвижна кула, подоцнежните македонски кралеви ја доусовршуваат
|
Од историјата на Македонија и Македонците, пак, познати се уште и опсадните кули (lat. " turres ambulatoriae"), кои иако им биле познати уште на Асирците и Грците, токму за време на македонската империја, ќе го доживеат својот најголем развој.Особена имагинација, досетливост и иновации во опсадните кули, ќе внесе македонскиот крал Димитрија I Полиоркет ("Опсадникот"), кој заради тоа ќе го добие познатиот епитет на опсадник. Едни од најпознатите опсадни кули кои се изучуваат низ светот, се македонската 10-катна "Дијадова кула", именувана по инжинерот на Александар III Македонски, потоа "Посејдоновата нападна кула" и др.
Според Дијад, нападните кули обично биле високи 30 м., во основата во облик на квадрат со страници долги по 8 м. Висината на поединечните катеви, се движела од 2 до 4 м., а највисокиот кат бил висок 6м. Обично нападните кули биле со 10 ката но ги имало со 20 ката, висина од 60 м. а во основата од 12 м. Прускиот воен теоретчар Ристов, смета дека тежината на најмалата нападна кула била преку 40 тони. Затоа и биле потребни 60-80 луѓе за да ја придвижуваат нападната кула полека во напад на рамно земјиште. Македонскиот крал Димитрија I "Опсадникот", постигнувал подобра стабилност давајќи им поголем нагиб на нејзините ѕидови. Неговата нападна кула, била висока 50 м., должината на основата била околу 25 м., а на највисокиот кат околу 4,5 м. Тежината, пак, на ваквата кула била околу 250 тони. За разлика од Асирците кои за придвижување на своите кули по потреба го поплочувале или калдрамисувале земјиштето, Македонците целосно го рамнеле.
Опсадните кули на Македонскиот крал Димитрија I се со особено големи димензии
Но, за Македонија и воопшто кулите, посебно е интересен византискиот период од кога потекнуваат најголемиот број обновувања на дотогашни тврдини и на нив градбите со бројни кули.Фортификациската дејност во Македонија особено ја заживува Јустинијан I како и царевите од "македонската династија". Кулите во ова време се градат самостојно и како дел од градските бедеми. Во градовите, се градат шестоаголни и осмоаголни кули со повеќе отвори. Градската капија е ретко во самата кула, обично од страна на влезот, заради одбрана. Кулите од ова време се со подебели ѕидови, од подобар материјал, се градат погрижливо. Тие имаат полукружен или полигонален облик a правоаголната основа на кулите е поретка. Едноставно, се сметало дека полигоналниот и поликружен облик се попогодни за одбрана, зашто облите агли биле поотпорни на ударите од камењата исфрлени од фрлачките опсадни справи. Изработувани се и кули со триаголен облик со реброто свретно во правецот на непријателот, заради фланкирање на бедемите од тврдината. На лимесот од римската основа на градот, сега се градат нови-византиски кули со ист облик како и во претходната епоха, но нешто повисоки и со помалку отвори во долниот и средниот дел (за ова пример се кулите од градските бедеми на Стоби, кои очигледно се доградени во рано византиско време).
И кулите на Скопското кале на поранешни римски бедеми
Интересно е што и самиот збор "кула (и)" е византиски поим за високо утврдување, кој како таков е влезен и во македонскиот јазик а од тука преку мисијата на Св. Кирил и Методиј и низ јазиците на сите т.н.р "словенски јазици". Се случувало и да некои средновековни текстови понекогаш зборот "кула" го користат за обележување на самата тврдина. Така, во повелбата од Урош II за скопската тврдина, се вели "кулата во Скопје". Охридската тврдина (кај нас позната како Самоилова) исто така е со бројни и различни по намена кули, а посебно атрактивни и доминатни се "Царевите Кули", кои сеуште се дореконструираат.
Царевите кули во Струмица со посебна раскошност и импозантност
Но бројните наоди и кај двете тврдини, токму од периодот на античка Македонија, само потврдуваат дека тие се всушност уште од тогаш како такви, а во византискиот период се само доутврдувани (доградувани). И кулите на градските бедеми од Стоби, укажуваат на својата важност, со оглед дебелината на ѕидовите и поставеноста. Но, има и бројни остатоци од кули крај поважните патиштата, како што е крај автопатот Скопје-Гевгелија (на тумбата кај вливот на р. Пчиња во Вардар), кули на и крај мостови и сл., кои укажуваат на заштитната функција за трговските патишта и карвани, кои главно биле по долините на реките. Од сите остатоци, особено на градските бедеми и кули, се согледува важноста на Македонија како во антиката така и низ средновековието.
Охридската тврдина со бројните одбрамбени градски кули
По падот на Македонија под турско ропство, градбата на кулите и тврдините продолжува но со спецификите од новиот освојувач. Така покрај бројните калиња ("Кале"), од овој период познати се и "Саат-кулите", "Беговите кули", "Чардаците" и сл. градби.
Маркови кули над Варош - Прилеп
Инаку, историски најрано, во склоп на градските и тврдинските бедеми, кулите се градени уште од бронзено време а како засебни претходнички на кулата се уште обичните камени и земјени предисториски доградувани возвишенија (тумби).
Пошироко и за споредба, едни од најјаките и најпознати градски бедеми со бројни кули се тврдината Бухен во Египет кај Вади Халфа (Wadi Halfa) која имала многу високи и силни кули како и тврдините Шунет ез-зебиб (Shunet ez-zebib) кај Абид ( близу денешниот Араб ал-Мадфунаф) и Небет (Nehbet) кај Ал-Килх кои имаат истакнати кули во висина на градскиот ѕид, без отвор. Според Диодор, пак, во Нинива (кај Сумерците) градските бедеми имале кули високи по 60 м. должина и во основата околу 6 м. Се претпоставува дека овие кули ги надвисувале бедемите за околу 30 м. Во Дур Сарукин (денес Khorsabad), престолнината на Саргон, имало околу 167 кули. Според Херодот, пак, Вавилон на бедемите имал едноспратни кули и тоа се по две, една кон друга, а помеѓу нив би се оставило многу простор за премин на коли со 4 коњи. Во долината на реката Тигар, на возвишенијата имало самостални дрвени кули со камени подлоги.
Какви и да биле, кај сите нив како и кај оние од Македонија, потреба била иста или слична, зашто покрај бројните опасности кои ги демнеле градевите и патиштата, кулите се граделе и заради докажување на моќта од владетелот, за втерување страв кај непријателите и поданиците.
|