Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
За Македонија > Убавините на Македонија > Планини во Македонија
Илинска планина
Сподели на Facebook

Илинска планина се граничи на југ со Плакенска планина, на запад се наоѓа котлината „Дебарца“, а на исток исто котлина „Суво поле“, на север се расчленува во повеќе ридови кои завршуваат по течението на р. Треска.

Појдовна точка за искачување на Лиска е с. Прострање, кое се наоѓа на 25 км од Кичево, оддалечено нешто повеќе од 1 км од регионалниот пат Кичево-Битола. Патеката води од јужниот дел на селото прво поминувајќи преку дрвен мост кон последните куќи и потоа по козја патека покрај Ѓурчев кладенец кон месноста Шаварика, во најголем дел низ столетна шума и по околу еден час се приклучува на стар шумски пат близу Највисоката точка на Илинска планина - Лискаместото наречено Тренски извор. Од месноста Шаварика до врвот има нова маркација. Треба да се внимава на одвојувањето што треба да се направи од патот во лево. Од тука до врвот Лиска се движите кон запад и по околу еден час ја напуштате буковата шума и ја имате првата средба со планинските рудини. Од тука по повеќе од половина час по тревнет терен (нема патека) во правец на југозапад и со поголем напор стигнувате до целта, односно на врвот Лиска. Од врвот се гледааат истовремено Охридското и Преспанското езеро. Северозападно од Лиска е врвот Ветерник (1902 мнв), а понасевер е врвот Штирни камен (1898 мнв) до кој може да се стигне за 60-тина минути од врвот Лиска преку Ветерник. За искачување до врвот Лиска од с. Прострање потребни се околу 3,5ч. Иако оваа планина е богата со вода (над с. Прострање има и извор на природна минерална вода) покрај рутата на движење нема извори на вода освен т.н. Тренски извор, западно од Штирни камен е „Горна чешма“, а од неговата источна страна на 1560 мнв се наоѓаат Горенечките извори. Кај с. Големо Илино се наоѓа изворот на Црна река.

На Лиска може да се стигне и од селата Големо и Мало Илино преку манастирот Св. Илија од Демирхисарска страна, и од с. Велмеј од Охридската страна.

 
С. Прострање и врвот Лиска во далечината Поглед кон Слатинско езеро Поглед кон Ветерник и Штирни камен  

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7600 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 176

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Академија – историјат
--------------------------------
 Кучињата од антиката во служба на Македонците
--------------------------------
 Преп. Теофан
--------------------------------
 Св. мчци: Македониј, Татијан и Теодул
--------------------------------
 Воениот плен кај Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: